БРЗ КОЛАЧ СО ОРЕВИ И ПУДИНГ…Економичен и многу вкусен, лесно и брзо се приготвува…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (чаша од 200 мл):

3 јајца
1 чаша млеко
1 чаша шеќер
1/2 чаша масло
2,5 чаши брашно
1 кесичка прашок за печиво
1 кесичка ванила
1 чаша рендан морков
1/2 чаша мелени ореви

За пудинг:
1 литар млеко
1 чаша брашно
1 чаша шеќер или по вкус
1 лажица путер
1 кесичка ванила
За додавање по готвењето:
1 пакување крем (250 г) (по желба можете да додадете 1 пакување шлаг наместо крем)

ПОСТАПКА:

1.Пенасто изматете ги јајцата и шеќер додека да добијат кремаста конзистентност. Додајте ги и млекото и маслото и кратко изматете.

2.Потоа додајте ги брашното, прашокот за печиво и ванилата, па тестото внимателно измешајте го за да остане пенливо. На крај додајте ги ренданите моркови и мелените ореви.

3.Истурете ја смесата за колачот во подмачканата тркалезна тава за печење и чукајте ја неколку пати од масата за да излезат воздушните меури.

4.Ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени околу 25 минути.

5.За пудингот, во тенџере измешајте ги шеќерот, брашното и млекото. Гответе на средна топлина со постојано мешање.

6.Кога ќе почне да врие и ќе згусне, додајте ги путерот и ванилата, промешајте за да се растворат и тргнете го од шпоретот. Истурете во друг сад и оставете да се лади поклопено со стреч фолија за да не фаќа коричка.

7.Во изладениот пудинг додајте 1 пакување крем и изматете со миксер додека сето да се соедини.

8.Испечениот колач оставете го да се олади, а потоа пресечете го на половина, да добиете две тенки тркалезни кори.

9.Едно од парчињата вратете во садот и прелијте половина од пудингот. Израмнете и прекријте со втората кора, а одозгора распоредете го остатокот од кремот. одозгора посипете малку мелени ореви. Изладете пред послужување. Постапката погледнете ја ОВДЕ.