За сите љубители на шербетните колачи имаме еден брз и многу едноставен рецепт со кој можете да приготвите сочен и вкусен колач кој се топи во уста. Може да го приготвите за некој празник, како што го приготвувале и нашите баби, но со него можете да се сладите и кога било, бидејќи е брз и лесен. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 4 јајца, 1 чаша млеко, 1 чаша масло, 1 чаша гриз, 1 чаша остро брашно Т-400, 2 чаши шеќер, 2 чаши мелени ореви. За мерење се користи чаша од 200 мл. ЗА СИРУП: 600 мл вода (3 чаши), 2 чаши шеќер и ½ лимон

ПОСТАПКА: Прво направете го сирупот за да измате време да излади, додека го приготвувате колачот. Измешајте вода и шеќер, па ставете на оган да зоврие. Оставете да вари 5 минути, па додадете половина лимон исечен на тркалца. Уште малку нека проврие па тргнете на страна да излади.

Веднаш вклучете ја рерната да се загрева на 180 степени, бидејќи тестото за колачот многу брзо се приготвува. Јајцата изматете ги пенасто со постепено додавање на шеќерот. Не е потребно да матите со миксер, но ако ви е полесно, тогаш употребете го (јас матев со кујнска жица-маталка).

Во изматените јајца додајте ги прво влажните состојки (млекото и маслото), а потоа една по една, и сите суви состојки (гризот и брашното), па матиме додека да се соеини во еднолична смеса без грутчиња. На крај додајте ги мелените ореви и уште еднаш изматете.

Плех со димензии 36х23 см (може и помал ако сакате повисок колач или поголем за понизок) намастете го и набрашнете го убаво, а вишокот брашно истресете го. Потоа, во него излејте ја смесата и стевете да се пече на 180 – 200 степени околу 35 минути.

Печениот колач штом го извадите од рерна, оставете го една минута, а потоа внимателно прелијте го со изладениот сирупот. Оставете го убаво да излади и да го впие сирупот, па после неколку часови сервирајте.

Најдобро е доколку колачот го оставите во фрижидер за да може убаво да се излади пред послужување. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.