Home Десерти Брз ЧОКО ПЛАЗМА колач кој се подготвува за 10 МИНУТИ…Рецепт за секој...

Брз ЧОКО ПЛАЗМА колач кој се подготвува за 10 МИНУТИ…Рецепт за секој ден, се топи во уста…

Брз ЧОКО ПЛАЗМА колач кој се подготвува за 10 МИНУТИ…Рецепт за секој ден, се топи во уста…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 литар млеко
150 г шеќер
1 кесичка ванилин шеќер
50 г какао во прав
160 г гриз
50 г чоколадо за готвење
3 лажици мелена плазма
за валање малку мелена плазма

ПОСТАПКА:

1.Во тенџере сипете млеко и додајте шеќер, какао, ванила и гриз. Промешајте и оставете да зоврие, па малку намалете ја температурата. Мешајте непрекинато додека да згусне.

2.Во врелата смеса додајте чоколадо искршено на коцки и мешајте додека да се растопи. Потоа додајте 3 полни лажици мелена плазма и повторно промешајте.

3.Калап со средна големина натопете го со ладна вода, па сипете ја смесата и рамномерно израмнете. Оставете да се олади на собна температура прекриено со проѕирна фолија. Потоа колачот ставете го во фрижидер 4-5 часа.

4.По изминатото време сечете коцки, а потоа коцките валајте ги во мелена плазма. Постапката погледнете ја ОВДЕ.