Home зимница Без оваа ЗИМНИЦА не ја чекам зимата…Летна салата во тегла…Си јадеме зимно...

Без оваа ЗИМНИЦА не ја чекам зимата…Летна салата во тегла…Си јадеме зимно време исто како во лето…

Без оваа ЗИМНИЦА не ја чекам зимата…Летна салата во тегла…Си јадеме зимно време исто како во лето…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (количина за 3 тегли со средна големина):

1 кг домати (4 со средна големина)
1 голема краставица
4 пиперки
2 моркови
1 тиквичка
1 главица кромид (црвен)
5 чешниња лук
1 китка магдонос

За маринада:
100 мл масло
2 лажици сол
3 лажици шеќер
3 лажици бел оцет 9%

ПОСТАПКА:

1.Измиените и чисти тегли стерилизирајте ги 10 минути во загреана рерна на 100 степени.

2.Зеленчукот измијте го и исечкајте го на коцки или стапчиња, посипете сол и масло, па измешајте и оставете да отстои 15 минути.

3.Наполнете ги жешките тегли, добро притиснете и дополнете со течноста што ја испуштил зеленчукот.

4.Затворете ги теглите не премногу цврсто. Ставете ги во тенџере обложено со крпа и дополнете со вода до половина на теглите.

5.Од моментот на вриење варете ги теглите 30 минути на умерена температура. Кога малку ќе подизладат, отворете ги капаците и во секоја тегла сипете по 1 лажица шеќер и 1 лажица оцет.

6.Повторно затворете ги теглите (цврсто) и оставете ги да се оладат на темно и суво место. Постапката погледнете ја ОВДЕ.