Без масло! Рецепт за 5 минути! Со 2 јајца ќе ја направите оваа вкусна и едноставна ТОРТА за секој ден…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

2 јајца
120 г шеќер
1 кесичка ванилин шеќер
60 мл стопен путер
150 мл млеко
180 г брашно
16 г прашок за пециво

И уште:
14 г незасладено какао
2 супени лажици млеко

За премачкување одозгора:
2-3 лажици џем по избор
1 грст сечкани бадеми во листови

ПОСТАПКА:

Во подлабок сад пенасто изматете ги јајцата со шеќерот и ванилата додека да се зголеми волуменот и да се добие кремаста смеса. Додајте го растопениот путер и кратко изматете за да се инкорпорира, а потоа сипете го и млекото.

Во мешавината од течни состојки додајте го просеаното брашно помешано со прашок за печиво. изедначете (може и со миксер) за да добиете хомогемна смеса без грутчиња.

Длабок долгнавест, а тесен калап (за леб или ролати) намастете го и набрашнете го, па сипете две третини од тестото.

Во остатокот додајте просеано незасладено какао ва прав и 2 лажици млеко, па изедначете за да добиете кафеаво тесто. Ова сипете го во средина од жолтото тесто, па со нож направете шари низ него.

Ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени, 30-35 минути. проверете со дрвена чепкалка дали добро се испекло.

Додека е топол колачот премачкјате со одозгора во тенок слој со џем по ваш избор и наросете сечкани бадеми. На здравје сладење! Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.