Без јајца и млеко! Овој зимски колач куглоф се топи во уста…Додека се пече цела кујна ми мириса неодоливо…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
300 г брашно
200 мл сок од портокал или фанта/јупи
180 г шеќер
100 мл масло
1 лажичка екстракт од ванила
16 г прашок за печиво
1 лажичка јаболков оцет
80 мл зовриена вода
куглоф 24 см
ПОСТАПКА:
Шеќерот растворете го во сокот, додајте масло и ванила, па брашното помешано со прашок за печиво. Соединете со жица, па сипете оцети зовриена вода. Смесата сипете ја во намастен и набрашнет куглоф.
Печете 35 минути во претходно загреана рерна на 180 степени. Постапката погледнете ја ОВДЕ: