БАКЛАВА СО КОКОС

Фото и рецепт: Недељка Симиќ-Чечавац

Потребни состојки:

500 г тенки кори за баклава

За фил:

3 јајца

200 г шеќер

200 мл масло

270 мл јогурт

200 г кокос

1 прашок за печиво

За шербет:

800 мл вода

600 г шеќер

И уште: 100 мл масло

Постапка

За приготвување на филот: одвојте ги белките од жолчките. Белките ставете ги во вангла и со постепено додавање на шеќер изматете во пенаст шам (цврст снег). Додадавјте ги жолчките и соединете ги со изматените белки. Потоа додадете масло и јогурт, па и нив добро соединете ги. На крај додадете мешавина од кокос и прашок за печиво. Добро соединетете (да не ве збунува, се добива густа смеса).

Земете голем плех од рерна (мојот е 30х40 см) и намастете го со масло.

На работна површина раширете една кора, а преку неа распоредете дел од филот и цврсто свиткајте во ролат (нема потреба краевите да се подвиткуваат кон внатре – филот не може да истече). Формираниот ролат ставете го во приготвениот плех. Истото повторете го и со останатите кори и фил.

Наредените ролати исечете ги на парчиња и со лажица прелијте одозгора со 100 мл масло.

Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 170 степени.

Шербет: додека се пече баклавата вие пригответе го сирупот. Во подлабок сад ставете шеќер и вода, па ставете на оган да проврие (повремено промешајте, за шеќерот побрзо да се растопи), на средна температура. Од монетот на зовривање сирупот се вари 10 минути. Тргнете од оган да подизлади.

Кога баклавата добро ќе порумени, извадете ја од рерна и прелијте ја со топлиот (не врел!) сируп. Баклавата прелијте ја со сирупот двапати. Оставете ја прво на собна температура а потоа добро изладете ја во фрижидер за да го впие целиот шербет.

Фото и рецепт: Недељка Симиќ-Чечавац

Loading...