Сочен и вкусен колач, а рецептот е многу едноставен, се прави брзо и без мака

Сочен и вкусен колач кој се приготвува многу брзо, рецептот и постапката се многу едноставни, а добивате колач за сите вкусови и сите пригоди.

Потребни состојки:

4 јајца

10 лажици шеќер

10 лажици масло

10 лажици млеко

1 прашок за печиво

10 лажици мелени лешници

10 лажици брашно

За шербет:

400 г шеќер

300 мл вода

Постапка:

Жолчките и шеќерот пенасто изматете ги со миксер, потоа додадете масло и млеко. Промешајте брашно, прашок за печиво и мелени лешници, па додадете ги во таа смеса.

Белките со прстофат сол изматете ги во цврст снег, а потоа полека и внимателно со жица ставете ги во претходно приготвената смеса од жолчки, шеќер и останатите состојки.

Внимавајте смесата да ви остане воздушеста, па излејте ја во плех со средна величина и печете во загреана рерна на 220 степени околу 20 минути.

Шербет:

400 г шеќер и 300 мл вода ставете ба оган да зоврие. Кога ќе зоврие намалете го огнот и оставете да се вари уште 10 минути. Колачот прелијте го со изладениот сируп, па на крај наросете со сечкани лешници.

Претходна статијаБрзи јогурт уштипци, се прават брзо за 10 мин, без чекање, без квасец, евтини а боговски вкусни
Следна статијаБАКЛАВА СО КОКОС