Оваа торта е мојата омилена и редовно ја приготвувам за родендени и други пригоди кога сакам да ги изненадам најмилите. Вкусот е незаменлив. Ако ви се јаде ептен брза торта со вкус на бајадера, после овој рецепт има уште еден за торта која се приготвува за само 15 минути (без печење).

Потребни состојки за кора:​ 6 јајца, 6 лажици шеќер, 6 лажици мелени ореви, 5 лажци брашно, ½ прашок за печиво, 300 мл фанта (или сок од портокал или некој друг сок по ваш вкус)

Потребни состојки за 1.фил: 300 г мелена плазма, 100 г чоколадо, 200 мл фанта (или сок од портокал или некој друг сок по ваш вкус), ½ коцка маргарин (½ од 250 г), 50 г шеќер во прав

Потребни состојки за 2.фил: 200 г мелени ореви, 100 мл млеко, ½ коцка маргарин (125 г), 50 г шеќер во прав​. Потребни состојки за 3.фил:​ 750 мл млеко, 3 пудинзи од ванила, ½ коцка маргарин (125 г). 50 г шеќер од прав и 300 г шлаг

Постапка:​ 6 белки со 6 лажици изматете со миксер да добиете цврст снег. Потоа додавајте една по една жочка и со постојано миксање соединете ја смесата. Рачно со лажица додајте 5 лажици брашно, 6 лажици мелени ореви и внимателно измешајте.

Добиената смеса за кора излејте ја рамномерно во претходно намастен и набрашнет плех или калап (стандардна димензија 35х25 см) или обложен со хартија, па ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени, околу 20 минути.

Кога ќе се излади печената кора, натопете ја со 300 мл фанта (или сок од портокал или некој друг сок по ваш вкус). Маргаринот или путерот оставете го да омекне на собна температура.

Половина маргарин изматете пенасто со 50 г шеќер во прав, па потоа додајте 100 г стопено и изладено чоколадо, соединете, па додајте 300 г мелена плазма и 200 мл фанта. Измешајте убаво за да добиете хомогена смеса.

Двеста грама мелени ореви прелијте со 100 мл врело млеко. Кога ќе излади измешајте со втората половина (125 грама) пенесто изматен маргарин со 50 г шеќер во прав.​

Половина литар млеко ставете на оган да зоврие, па сварете ги трите пудинзи разматени во 250 мл млеко. Сварениот пудинг соединете го со изматениот ½ пудинг и 50 г шеќер во прав. Добиениот фил поделете го на два дела.​

РЕДЕЊЕ: Преку натопенатата кора ставете го филот со плазма, потоа ½ од филот со пудинг, па филот од ореви и вториот дел од пудингот. На крај филувајте со шлаг. / Бисерче / Cооlinarika.com / Прочитајте го и вториот рецепт за торта „Бајадера“ која се приготвува за само 15 минути:

Торта БАЈАДЕРА готова за само 15 минути! Вкусот никој не го оставил рамнодушен! Оваа торта се топи во уста, вкусот е неодолив, а толку брзо и едноставно се приготвува. Се користи калап бр.20

Потребни состојки: 3 јајца, 300 г шеќер, 250 г ореви мелени, 100 г лешници мелени, 250 г маргарин или путер, 350 г мелени бисквити, 200 г чоколадо за готвење и 6 лажици масло

Постапка: во оригиналниот рецепт се користат сирови јајца, меѓутоа од безбедносни причини, најдобро е термички да се обработат, особено доколку тортата ја приготвувате кога времето е топло или не планирате целата да се потроши истиот ден.

Прво се матат јајцата со постепено додавање на шеќерот, додека тие да побелат, а шеќерот да се растопи. Ако не ги обработувате термички јајцата, тогаш продолжувате со рецептот, во спротивно, на тивок оган или на пареа со матење истретирајте ги 5-10 минути.

Путерот растопете го. Во мелените бисквити додајте ги оревите и лешниците, па заедно полејте ги со путерот и изладените јајца. Промешајте убаво со лажица. Ако смесата е малку течна, додајте уште малку бисквити. Треба да се добие меко, мазно и густо тесто.

Смесата префрлете ја во калап и добро израмнете и ставете во фрижидер за да се стегне убаво. За тоа време подгответе ја глазурата: искршеното чоколадо заедно со маслото растоепете го на многу тивок оган (или во микробранова), па прелијте преку колачот и израмнете.

Повторно вратете во фрижидер, па кога ќе се стегне и чоколадото, можете да ја сечете и да ја послужите. Сите детали околу подготвувањето можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.