МЕДЕН КОЛАЧ: Едноставен, лесен и многу вкусен, готов за 15 минути

Овој меден чоколаден десерт готов за 15 минути и претставува одличен избор кога сакате да се засладите набрзина. Фотографија и рецепт на Вукица Мијиќ. Одличен, брз и едноставен колач – многу вкусен.

Потребни состојки: 1 литар млеко, 1 шолја (од 250 мл) густин или 200 г, 1,5 шолја шеќер или околу 300 г, 5 лажици какао во прав, 50 г путер, 3 лажици мед, 1 ванилин шеќер и околу 30 парчиња бисквити, по можност чоколадни

Постапка: во поголем сад измешајте густин, шеќер, какао и ванилин шеќер. Млекото загрејте го да биде млако, па малку по малку дотурајте го во смесата со густин. Мешајте постојано, па ставете го на оган да се свари додека да се згусне.

Додека е топол кремот додајте путер и мед, па мешајте додека да се растопат и соединат. Во калап 30х10 см обложен со проѕирна фолија, излејте ја топлата смеса, а на страна оставете 3-4 лажици, па набоцкајте ги бисквити.

Премачкајте со остатокот од смесата (тие 3-4 лажици што ги тргнавте на страна), па наредете бисквити колку што е потребно за да се прекрие смесата (ќе бидат основа на колачот кога ќе се преврти).

Прекријте со фолијата и оставете во фрижидер, најдобро преку цела ноќ. Следниот ден извадете го колачот, превртете го на тацна за послужување и украсете го по желба.

Сечете на парчиња и уживајте во вкусот. / Фотографија и рецепт на Вукица Мијиќ / Во продолжение причитајте го следниот рецепт за најубавото „Медено срце“, колач кој ќе ве плени и со мирис и со вкус!

МЕДЕНО СРЦЕ – Најдобриот рецепт досега, сочен колач и многу вкусен, не го менувам повеќе / Фотографија и рецепт на Даринка Николиќ: Ова е најдобриот рецепт за медено срце од сите кои досега ги имам испробано. Го печев во калап 30х25 см, но може да се користи и калап со приближни димензии.

Потребни состојки: 1 ½ чаша (од 200 мл) брашно, 1 чаша шеќер, 1 ½ чаша млеко (или газирана вода за посно), 50 мл масло, 2 лажици џем од кајсии, 1 лажичка сода бикарбона, 1 лажичка цимет и 2 лажици какао во прав. И уште: 6 лажици џем од кајсии + 2 лажици џем од кајсии, 150 г чоколадо за готвење и 4 лажици масло

Постапка: Брашното, какаото, сода бикарбоната и циметот измешајте ги во еден поголем сад за да се изедначат рамномерно. Во друг сад измешајте газирана вода (или млеко), масло, шеќер и џем, па добро промешајте додека шеќерот да се растопи и да се соединат останатите состојки.

Постепено измешајте ги сувите и влажните состојки па изматете со миксер. Половина од добиената смеса излејте ја во намастен и набрашнет калап (30х25 см) и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени околу 10-тина минути.

Извадете го колачот и одозгора премачкајте го со 6 лажици џем, па одозгора излејте ја втората половина од смесата. Вратете во рерна да се допече уште 20 минути. Печениот колач извадете го и премачкјате го во тенок слој со 2 лажици џем и прелијте го чоколадна глазура.

За глазура: искршете го чоколадодо, додадете масло па растопете го на пареа, многу тивок оган или во микробранова печка. Ова е најдобриот рецепт досега, сочен колач и многу вкусен, не го менувам повеќе. / Фотографија и рецепт на Даринка Николиќ

меден колач
меден колач
„медено срце“ колач
Loading...
Претходна статијаБАЈАДЕРА ТОРТА: Совршена кремаста торта, многу ја сакам
Следна статијаНЕ ГИ ФРЛАЈТЕ СЕМКИТЕ ОД ЛУБЕНИЦА: Еве што му прават на вашето тело