Направете пелати домати во тегла според овој рецепт. Ќе се уверите дека ниеден италијански сос не му е рамен – оригинален рецепт за највкусниот доматен сос. Сварете ја тестенината, додајте ги овие домати и уживајте во предобриот вкус.

Потребни состојки: 2 кг домати, 2 лажички шеќер, 2 лажички сол и малку свеж босилек

Постапка: доматите убаво измијте ги под млаз ладна вода, а потоа засечете ги на крст, па спуштајте ги прво во зовриена вода околу 30 секунди, а потоа веднаш во студена вода, исто така 30 секунди.

Вадете ги со решеткаста лажица. Со оваа постапка доматите многу полесно се одвојуваат од лушпата. Излупете ги доматите и исечете ги на половинки или четвртинки, во зависност од нивната големина. Тврдиот дел отстранете го.

Теглите стерилизирајте ги во рерна на 100 степени, 15-20 минути. Доматите полнете ги во стерилизирани тегли и додајте свежи листови босилек по желба и вкус.

Додека ги редите доматите, малку притискајте со прстите, не не премногу. Кога ќе ја наполните теглата две третини, ставете 1 рамна кафена лажичка шеќер, дополнете со домати до врвот, а на крај ставете и една рамна кафена лажичка сол.

Вака приготвената тегла затворете ја со метален капак. Постапката повторете ја со преостанатите домати, односно втората тегла.

Завршен момент: Едно поголемо тенџере обложете го со крпа и додајте 1,5 литар вода. Ставете ги теглите, па ставете ги да се варат на умерена температура 35-40 минути. Оставете ги теглите целосно да изладат во водата. Прочитајте го и следниот рецепт за највкусната „Ловечка салата“:

Ловечка салата за зимница: многу подобра од ајварот и пинџурот заедно! Сите ќе ви бараат рецепт. Еднаш пробајте и ќе се уверите.

Потребни состојки: 3,5 кг сечкани пиперки, 2 главици лук, ситно сечкан, 1 кг морков исечен на коцкички, 1 китка магдонос, 2-3 лути пиперки кој сака, не мора, ½ кесичка црн пипер во зрно, 200 мл масло, 200 мл оцет, 3 супени лажици сол, 2 литри варен доматен сос и 1 конзерванс

Постапка: во поголемо тенџере ставете го доматниот сос, маслото, оцетот, додајте шеќер, сол и конзерванс. Кога ќе проврие прво додајте го морковот, па кога ќе биде до половина сварен додајте ја пиперката и варете додека да омекне пиперката.

Додајте го лукот и сечканиот магдонос. Варете само уште неколку минути и веднаш складирајте во загреани тегли. Со дрвено стапче или со дршката од дрвената лажица истиснете го воздухот, поклопете и превртете ја теглата на неколку минути за да се вакумира.

Прекријте ги теглите и оставете ги да изладат. Целата постапка можете да ја погледнете во видеото ОВДЕ.