АРАПСКИ КОЛАЧ СО ОРЕВИ…Многу вкусен, секој сака поголемо парче за себе…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
100 г кисела павлака
1 лажичка сода бикарбона
1 лажичка оцет 9%
6 белки
200 г шеќер
6 жолчки
200 г брашно
1 чаша мелени ореви
20 г путер за намастување на калапот
се пече 40 минути на 180 степени
За крем (може и сварен пудинг, изматена слатка павлака по желба):
280 г варено кондензирано млеко
150 г кисела павлака
ПОСТАПКА:
Во павлаката сипете сода бикарбона и оцет, па веднаш промешајте бидејќи ќе запени. Оставете настрана. Блеките пенасто изматете ги со шеќерот додека да добиете цврст снег. Додајте ги жолчките, павлаката и изматете со миксер.
Најпосле додајте го брашното и промешајте со лажица. Сипете ги оревите и повторно промешајте. Смесата сипете ја во огноотпорен сад со средна големина, намастен со путер и посипан со брашно.
Печете 40 минути во загреана рерна на 180 степени. Кога ќе се олади бисквитот пресечете го на две тенки кори. Од површинскиот врз или крајчињата сомелете трошки за декорација.
Изматете го кондензираното млеко со павлаката и премачкјате ја кората. Поклопете со втората кора. Може да користите и слаткарски крем или фил по ваша желба. Премачкјате го целиот колач одозгора и од страните.
Оставете во фрижидер 1 час, а потоа посипете го со трошките или со мелени ореви. Постапката погледнете ја ОВДЕ: