Направете си слатка која истовремено ќе ја задоволи вашата потреба за благо, а од друга страна ќе ви помогне да го зајакнете вашиот имунитет, а помага и за анемија.

Алвата ја сакаат многумина. Приготвена од семки од сончоглед, содржи витамини, микроелементи, полинезаситени масни киселини и фосфолипиди, кои придонесуваат за јакнење на имунитетот и одржување на кардиоваскуларниот систем.

Ho во сè е потребна мера – од вкусната алва смееме да изедеме само 20-30 г. Фитотерапевтката Јана Кириловна Бањко од Екатеринбург, советува сами да си направиме алва од моркови. Ова слатко е корисно во случај на анемија, хиповитаминоза, полиартритис, кардиоваскуларни заболувања, болести на црниот дроб, на бубрезите и на желудникот. 

Во времето на настинки алвата од моркови ќе го засити организмот co витамини и ќе помогне да се зајакне имунитетот, а заболените да избегнат компликации. Ова е нејзиниот рецепт за приготвување на алва, а подолу можете да го погледнете и нашиот избор –видео презентацијата од “Кујната на Нина”.

Потребни состојки:

1 чаша изрендани моркови од кои е исцеден сокот, половина чаша млеко или вода, третина чаша шеќер, четири лажици путер, третина чаша суво грозје (може да се користи кое било иситнето суво овошје), три лажици малку испечени и измелени јаткасти плодови (или мешавина од јаткасти плодови), прстофат зачини по желба (цимет, кардамом и сл.).

Постапка:

Растопете го путерот и во него додадете ги морковите. Пржете ги на тивок оган додека да ја почувствувате силната арома на морковите. Потоа додадете ги сите преостанати состојки, освен зачините. Динстајте на тивок оган 15 минути, co постојано мешање. Кога ќе испари целата течност, додадете ги сите мелени зачини.

Добиената смеса претурете ја во претходно намастени калапи и оставете да отстои час-два. Потоа извадете ја, исечете ја на коцки (1х1 см) и пo желба поросете co шеќер во прав или co рендан кокос. Смесата исто така, можете да ја оставите да се олади, а потоа од неа да направите топчиња. Алвата чувајте ја во фрижидер. Дневната доза се две коцки или топчиња. Сепак, не треба да се претерува.

Потребни состојки:

1 кг моркови, 1 ½ лажици брашно, 1 прстофат шафран, 5 лажици пченкарно брашно, 4-7 лажици путер Ги, фстаци, бадеми…, 4-5 скршени зрна кардамом или во прав, 1 чаша (од 250 мл) шеќер, ½ чаша вода.

Постапката можете да ја погледнете во видеото: