Ако имате дома 2-3 банани, направете го овој колач за многу кратко време

Рецепт и видео презентација на Сара од Мои Домашни рецепти – Колач со банани, кекси и чоколадо, сите ќе ви побараат уште по едно парче, дури и оние кои се на диета. Вкусот е едноставно неодолив, во секој залак се ужива, не можете да се воздржите…

Потребни состојки: 2-3 банани, 250 г мелени бисквити (плазма или кекси по ваш избор), 80 г топено чоколадо, 400 мл млеко, 20 г пудинг од чоколадо, 2 супени лажици шеќер. Колачот одозгора се декорира со мелени бисквити, ореви или кокос, а може и по ваш вкус.

Постапка: Одберете три банани со средна големина или две поголеми. тие треба да бидеат добро созреани, односно кората да има што повеќе темни дамки. Ваквите банани се најмеки и најслатки. Излупете ги, ставете ги во подлабок сад и изгмечете ги со помош на виљушка.

Откако ќе го направите пирето од банани, во него додадете 250 г мелена плазма или некои други мелени бисквити. На тивок оган, во ѓезве или помало тенџерче, растопете 80 г чоколадо за готвење или темно чоколадо со висок процент на какао. оставете го малку да подизлади, па додека е течно додадете го во смесата.

Промешајте прво со лажица, а потоа убаво замесете ја смесата со рака за да се изедначат состојките. Треба да добиете ровка смеса со конзистенција на влажен песок, но сепак да е компактна и да не се рони. Најпосле, смесата треба лесно да се формира под прстите.

Смесата поделете ја на 8 приближно еднакви делови, а од секој дел формирајте топка. Топките наредете ги во правоаголен калап или плех со средна големина. Во зависност од големината на калапот и вашата желба, можете да направите повеќе или помалку топки.

Садот со топките тесто тргнете го на страна додека го приготвувате чоколадниот пудинг. Во едно тенџере ставете 400 мл млеко, додадете 30 г прашок за пудинг со вкус на чоколадо (една кесичка), 2 супени лажици (за оваа количина се доволни, но количината на шеќерот можете да ја прилагодите).

Измешајте со жица-маталка додека да се изедначат состојките, да нема грутчиња. Тенџерето ставете го на оган и со постојано мешање сварете го пудингот. Гответе го на умерена температура и внимавајте да не ви загори. Мешајте додека тој да се згусне.

Со сварениот пудинг (додека сè уште е врел) рамномерно прелијте ги топките од банана и кекси. Протресете го малку калапот за да се распореди рамномерно пудингот, па врз секоја топка наросете малку мелени лешници/бисквити/ореви/кокос или нешто по ваш избор.

За декорација можете да употребите и шлаг во втлог, парчиња чоколадо, парчиња банана, спирални струготини од чоколадо или нешто слично. Оставете го колачот 10 минути во фрижидер да се олади, па послужете го. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

II РЕЦЕПТ – Чоколаден колач готов за 15 минути без маргарин и без печење, со бисквити и пудинг. За да го приготвите овој колач потребен ви е еден тенок калап кој ќе го обложите со проѕирна фолија, бисквити, пудинг, млеко и шеќер по вкус.

Потребни состојки: 500 г турски чоколадни бисквити (или било какви), 2 пудинзи од ванила, 2 пудинзи од чоколадо, 1 литар млеко, шеќер по вкус или според упатството на кесичките од пудинзите

Постапка: Еден потесен плех обложете го фолија. Сварете ги пудинзите посебно според упатството (по 2 пудинзи за половина литар млеко). На секој бисквит мачкајте прво пудинг од ванила, па редете покрај ѕидот на плехот по должина.

Потоа, преку него редете бисквити намачкани со пудинг од чоколадо и сè така по ред додека да се исполни калапот. Можете да ги редите и по сопствена избор и идеја.

Оставете го во фрижидер добро да излади, па потоа превртете го на долгнавеста чинија за сервирање. Глазура ставете по желба (може чоколадна или да ставите шлаг). Јас се одлучив за шлаг. Сечете го колачот добро изладен. Има одличен кремаст, чоколаден вкус.

Напомена: Доколку користите турски бисквити нема потреба од нивно претходно натопување во течност (чај, млеко) бидејќи овие бисквити се многу меки и веднаш ќе ја впијат влажноста од пудингот.

Loading...