Голем број на луѓе секојдневно се изложени на токсини од мувла, а не се свесни за тоа. Мувлата е тивка и опасна закана за сите нас, бидејќи може да расте зад ѕидовите, под подовите а понекогаш ја има и длабоко во храната.

Преку допир, преку дишење или со голтање најчесто ги внесуваме токсините од мувлата кои можат да предизвикаат различни тегоби во организмот до сериозни заболувања.

Многумина ја потценуваат “вистинската моќ” на мувлата, но таа понекогаш може да биде и смртоносна. Исто така, честопати се случува да не може да се пронајде коренот на некоја болест, а причната да биде токму мувлата.

Како напаѓа мувлата и како се рефлектира врз здравјето?

Постојат некои видови на мувла кои ослободуваат отровни и невидливи хемикалии, познати како микотоксини. Овие токсини тешко се уништуваат но не е невозможно да се отстранат.

Овие невидливи хемикалии го загадуваат просторот околу вас, се’ околу вас, па дури и облеката и мебелот.

Кога ќе навлезат во телото тие предизвикуваат оштетување на имунолошкиот систем, ги оштетуваат зглобовите, нервниот систем, но и повеќе од тоа! Микотоксините дури може да влијаат и врз вашето размислување, вашите чувства, а влијаат и врз должината на вашиот живот!

Покрај овие невидливи хемикалии – микотоксините, мувлата може да генерира и иританти и алергени кои можат да предизвикаат надразливост кај луѓето, со различен степен, во зависност од чувствителноста на индивидуата.

Според една студија 25 до 28% од Американците се веќе генетски предиспонирани да имаат проблем со влагата.

Кои се симптомите?

Најголемиот проблем при дијагностицирањето на хронична интоксикација со мувла се токму симптомите. Поради сличните симптоми, најчесто се заменува со други болести како што се: Лајмска болест, целијакија, фибромијалгија, синдром на хроничен замор…

Мувлата може да ги предизвика следниве здравствени проблеми:

-болки во зглобовите

-замор

-главоболки

-чувствителност на храна

-варирање на тежината

-вкочанетост и пецкање

-заматен вид

-чувствителност на светлина

-когнитивни проблеми

-конфузија, губење на меморијата

-променливо расположение

-проблеми си спиењето

-автоимуно заболувања

-воспалителни проблеми, особено со белите дробови

Треба да бидете екстра внимателни доколку вашиот имунолошки систем веќе подолго време е намален. Мувлата може да предизвика сериозни заболувања со белите дробови, кожата, очите и др.

Каде се крие мувлата?

Кај нас во Македонија не се направени вакви истражувања, но замислете, во САД речиси 50% од зградите имаат оштетувања од вода.

Кај нас во последно време никнаа голем број новоградби, па доколку го земеме истиот процент, би можело да се каже дека постои голема шанса да сме престојувале во просторија со мувла.

Мувлата ја сака влагата, што значи дека се’ започнува од водоводните цевки и простории со лоша вентилација. Ако протекувал кровот, или ви протекло од соседите над вас, колку и да го маскирате ѕидот, мувлата се крие во порите.

Затоа е потребно добро стугање и целосно менување на старите водоводни цевки.

Но мувлата не се крие само на влажните места. Всушност, мувлата може да се развие и под тепих и зад ламперија, кај клима уредот каде што се собира прашина и влага, или на било кое место каде би ми можела водата тајно да патува.

Мувлата најмногу се размножува на темни и влажни места, но тоа правило не е конечно!​

Постојат видови на мувла кои опстојуваат и се размножуваат на сува клима. Постои и мувла во храната која не се забележува: во житата, јаткстите плодови, чоколадото, кафето и виното.

Значи, ако сте чувствителни на мувла, тогаш проверувајте го рокот на храната која ја консумирате и на нејзиното исправно чување.

Секојдневно ние сме изложени на пестициди, разни растворливи токсични хемикалии, разни бактерии и вируси. И мувлата е еден дел од вкупното токсично оптеретување на нашиот организам.

Што да се прави?

Најважно е да бидете информирани. Во светот постојат агенции кои ја мерат влажноста или потенцијалната мувла во вашиот дом или просториите во кои најмногу поминувате, и тоа на ваш повик.