Bauernbrötchen или селски крувчиња – Германски рецепт

Потребни состојки:

80 г брашно

30 г лебни трошки

120 г рендано чоколадо

350 г мелени ореви или лешници

3 јајца

200 г шеќер во прав

1 ванилин шеќер

1 лажица рум

Шеќер во прав за валкање

Постапка:

1.Од сите состојки замесете мазно тесто.

2.Обликувајте ваљаци-салами (5 см).

3.Сечете парчиња со дебелина 1 см.

4.Обликувајте топчиња.

5.Топчињата валкајте ги во шеќер во прав, наредете ги на плех обложен со хартија.

6.Печете 18 минути на 130 степени, на топол воздух.

7.Кексите се чуваат во лимена кутија.

Претходна статијаАко ги имате овие знаци, вие сте затруени а за тоа не сте ни свесни
Следна статијаИнстант ефект – зелена лутеин маска за пеглање на брчки и враќање на волуменот на лицето