За сите кои внимаваат на своето здравје и својата фигура, како и сите вегани, треба да си го запишат овој рецепт затоа што навистина е одличен.

Содржи само свежи, сирови состојки, не содржи шеќер, брзо и многу едноставно се приготвува, за 5 минути е готово, а може да се користи и во некоја диета. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 излупени банани + 1 банана за фил + 1 банана за декорација, 30 г квалитетно органско какао + 1 лажица за декорација, а кој сака може да го помеша и со малку цејлонски цимет (1 лажичка), 300 г овесни снегулки (најдобро е да бидат интегрални), за декорација може мелени ореви/лешници/бадеми

ПОСТАПКА: Во блендер ставете три излупени банани, искршени на помали делови, додајте 30 г какао во прав и една лажичка цимет (кој сака, по избор), па добро изблендирајте додека да добиете изедначено пире од банани.

Добиената смеса од банани и какао додајте ја во 300 г овесни снегулки. Промешајте со лажица или шпатула додека целосно се изедначи и рамномерно распореди, а потоа смесата поделете ја на два еднакви дела.

Помал калап за торти обложете го со хартија за печење на дното и на страните, па истурете ја едната половина од смесата, рамномерно распоредете ја и малку притиснете за да се добие „кората“, односно основата на тортата.

Земете една поголема банана и исечкјате ја на тркалца со дебелина од 2-3 мм. Наредете ги врз основата од овесни снегулки и покријте ја целата површина. Одозгора истресете го вториот дел од смесата.


Распоредете рамномерно, притиснете со лажицата/шпатулата и израмнете ја површината. Покријте одозгора со проѕирна-стреч фолија и тортата оставете ја во фрижидер 3 часа да се олади убаво и стегне.


ЗА ДЕКОРАЦИЈА/глазура: Во блендер ставете една излупена и иситнета банана, додајте една полна лажица органско какао, па измиксајте додека да добиете убав, мазен прелив. Нанесете го врз тортата, премачкјате ја одозгора, па наросете мелени ореви или лешници. Деталите од постапката погледнете ги ОВДЕ.