Фото и рецепт: Катерина Спасова
Зелени везени слатко лути чушки (пиперки) во урда (изварка).
Потребни состојки:
2 кг урда
1 ½ кг везени пиперки
Постапка:
Чушките се сечат на парчиња.
Се посолуваат, па се става урдата.
Се мешаат убаво да се соединат.
Се оставаат така 1 до 2 часа да постојат.
Се собираат во тегли, а потоа се чуваат во фрижидер.
Го правам секогаш. Кој пробал, тој знае.
Едноставно и многу вкусно – промашај нема .