Home Рецепти БРЗ КОЛАЧ СО ОРЕВИ…Едноставен рецепт, се мери со чаша, а колачот е...

БРЗ КОЛАЧ СО ОРЕВИ…Едноставен рецепт, се мери со чаша, а колачот е сочен, се топи во уста

За сите љубители на шербетните колачи имаме еден брз и многу едноставен рецепт со кој можете да приготвите сочен и вкусен колач кој се топи во уста.

Може да го приготвите за некој празник, како што го приготвувале и нашите баби, но со него можете да се сладите и кога било, бидејќи е брз и лесен. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 4 јајца, 1 чаша млеко, 1 чаша масло, 1 чаша гриз, 1 чаша остро брашно Т-400, 2 чаши шеќер, 2 чаши мелени ореви. За мерење се користи чаша од 200 мл. ЗА СИРУП: 600 мл вода (3 чаши), 2 чаши шеќер и ½ лимон

ПОСТАПКА: Прво направете го сирупот за да измате време да излади, додека го приготвувате колачот.

Измешајте вода и шеќер, па ставете на оган да зоврие. Оставете да вари 5 минути, па додадете половина лимон исечен на тркалца. Уште малку нека проврие па тргнете на страна да излади.

<

Веднаш вклучете ја рерната да се загрева на 180 степени, бидејќи тестото за колачот многу брзо се приготвува.

Јајцата изматете ги пенасто со постепено додавање на шеќерот. Не е потребно да матите со миксер, но ако ви е полесно, тогаш употребете го (јас матев со кујнска жица-маталка).

Во изматените јајца додајте ги прво влажните состојки (млекото и маслото), а потоа една по една, и сите суви состојки (гризот и брашното), па матиме додека да се соеини во еднолична смеса без грутчиња.

На крај додајте ги мелените ореви и уште еднаш изматете.

Плех со димензии 36х23 см (може и помал ако сакате повисок колач или поголем за понизок) намастете го и набрашнете го убаво, а вишокот брашно истресете го. Потоа, во него излејте ја смесата и стевете да се пече на 180 – 200 степени околу 35 минути.


Печениот колач штом го извадите од рерна, оставете го една минута, а потоа внимателно прелијте го со изладениот сирупот. Оставете го убаво да излади и да го впие сирупот, па после неколку часови сервирајте.

Најдобро е доколку колачот го оставите во фрижидер за да може убаво да се излади пред послужување. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.