Фото и рецепт: Славица Георге
Потребни состојки:
10 пиперки
1 печена лута пиперка
2 црвени домати
5 гранчиња магдонос
5-6 чешниња лук
Масло по потреба, сол
Постапка:
Пиперките убаво измијте ги, избришете ги па испечете ги.
Во сад за толчење ставете го лукот, посолете и истолчете го.
Печените пиперки исечкајте ги на парчиња, а потоа додадете ги во садот со лукот. Заедно истолчете ги.
Доматите измијте ги, излупете ги по желба, па исечкајте ги, па и нив лесно истолчете ги. Додадете ги во садот.
Додадете сечкан магдонос, измешајте. Додадете сол по вкус и масло кое може да биде ладно или загреано.