КОЦКИ СО КИКИРИКИ, ви требаат само 3 состојки и 10 минути, од сите рецепти ова е наједноставниот. Рецепт на Совршени Рецепти. Вкусни коцки од 3 состојки, секој може да ги направи, не одземаат ни време, ни многу садови.

„Повеќе не купувам слатки, ова ми е омилениот десерт. Многу убаво се комбинира со чај, ќе ви се допадне и вам. Изгледа на млечна карамела, но само со кикирики“, вели Александар, кој на неговиот канал постојано објавува лесни, едноставни и брзи рецепти за секој да може да ги направи.




Потребни состојки: 300 г рикота сирење (урда) или младо сирење, 150 г шеќер, 1 кесичка ванилин шеќер (опционално), 50 г путер, 100 г јаткасти плодови по ваш избор (исто опционално). Во овој рецепт се користат кикирики, а наместо путер може да користите маргарин.




Постапка: Колачот се подготвува во тавче, а потоа само се прелива во калап обложен со проѕирна фолија и се става во фрижидер да се стврдне. Во тавче ставете 300 г урда на тивко да се крчка додека го пушти својот сок.

Со повремено промешување, оставете да се готви сè додека целиот сок што се испуштил да испари. Потоа се додава шеќерот и со повремено мешање се готви сè додека да се добие кафеава-карамел смеса, односно додека да се карамелизира шеќерот.




Важно е да готвите на тивка температура, за да не ви загори шеќерот. Опционално, може да додадете 1 ќесичка ванилин шеќер. Кога ќе ја добиете кафеавата-карамел смеса, додајте 50 г путер и почекајте да се растопи.




Промешајте, па додајте 100 г јаткасти плодови по ваш избор. Во овој рецепт се користени кикирики кои одлично се вклопуваат со останатите состојки. Тргнете го тавчето од рингла и префрлете го во правоаголен калап обложен со проѕирна фолија.




Завиткајте ја прелиената смеса во фолијата и оставете да отстои во фрижидер некое време за да се стврдне. Потоа колачот се префрла во соодветен рамен сад, се вади фолијата и се сече на коцки. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.




Во продолжение прочитајте го рецептот за посни кикирики топчиња со вкус на соленки – не останува ниедно, на секоја слава се изедуваат до последно. Фото и рецепт: Магдалена.




Одлични топчиња, вкусни и декоративни. Посни и многу за-разни, секогаш до последно се изедуваат. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 400 г брашно, 250 г посен маргарин, 5 лажици газирана вода, 1 лажичка сол, 150 г печени, несолени кикирики, сомелени, 1 прашок за печиво. За валкање: 100 г пржен сусам.




ПОСТАПКА: Во подлабок сад измешајте го брашното со прашокот за печиво, па додајте ги и мелените кикирики. Посебно изматете го маргаринот со солта, додајте газирана вода. Постепено додавајте ја сувата мешавина и замесете го тестото со раце.




Откако добро ќе го измесите, тестото поделете го на четири делови и од секој дел направете валјак со пречник од 3 см. Сечете тркалца со дебелина од 1 см и од секое формирајте топче. Готовите топчиња валкајте ги во пржен сусам.




Така извалканото топче само уште малку пртотријте го меѓу дланките за сусамот подобро да се залепи. Топчињата редете ги во плех обложен со хартија и печете ги околу 20 минути на 180-200 степени додека убаво да заруменат. Овие солени топчиња се вистински украс на посната трпеза, а згодни се и за дружење со пиво или бело вино.