Со истиот метод кој го користат музеите можете да го исчистите вашиот дом и според искуствата, најмалку 10 дена нема да видите прашина врз површината на вашиот мебел. Решението всушност е многу евтино и едноставно и потребна ви е една состојка која лесно можете да ја набавите од аптеките.
Веројатно досега сте пробале повеќе начини за отстранување на досадната прашина, а ако му се верува на познатиот музеј „Смитсонијан”, кој во една пригода го наведе како едно од решенијата, основната состојка е глицеринот кој можете да го купите во повеќето аптеки.
Имено, не е доволно само да се исчисти прашината, туку и да се спречи таа да не се појавува барем некој период. Сè што треба да направите е да измешате 5 литри вода со 3 лажици глицерин, да натопите крпа во оваа мешавина и со неа да ги пребришете подовите, огледалата и мебелот.
Исто така, глицеринот е ефикасен и во бришењето на дамки од кафе или чај од облеката. На свежа дамка нанесете комбинација од кујнска сол и глицерин (во однос 1:1), а штом дамката избледи, облеката исперете ја на стандарден начин.
Со крпа натопена во малку глицерин може да ги истретирате изгребаните делови од кожната облека или мебелот. За детално чистење на прозорите се користи раствор од глицерин и етил алкохол во однос 1:10. Со овој раствор се пребришуваат прозорите.
Корисни совети зошто секоја домаќинка треба да има глицерин дома: Можеби ќе се изненадите, но примената на глицеринот е многу голема, бидејќи може да ви помогне во најнеочекувани ситуации, да ви заштеди време, пари и нерви.
Глицеринот е еден вид на сложен ал-ко-хол кој е буквално „жеден“ за вода. Составен е од две примарни алкоxолни групи и една секундарна (споредна) кои претставуваат еден вид на сунѓерчиња, односно кон себе ја привлекуваат водата кога доаѓаат во контакт со истата (според некои истражувања апсорбира вода до 25% од својата тежина).
Претставува безбојна течност, со средна густина, растворлива во вода (доколку се прават креми се додава секогаш во водената фаза). Се добива по пат на хидролиза на триглицеридите кои може да бидат од животинско или растително потекло, односно по пат на сапунификација на маслата (кои може да бидат од растително или животинско потекло).
Затоа и кога се подготвуваат домашни сапуни во самиот производ веќе е присутен глицеринот. Има еден вид на глицерин кој се добива и по пат на преработка на нафтата, меѓутоа за среќа е доста редок како состојка, со оглед на тоа што претходните два се многу поевтини за производство.
Како состојка глицерионот има „вечен живот“. Нема рок на траење, одлично издржува секаков вид на температура и не реагира на светлина (како што е тоа случај со многу други состојки).
I Со помош на глицерин можете да исчистите закоравени дамки
Дамки од бобинки може да исчистите така што еден час ќе го оставите валканото место потопено во глицерин, а потоа ќе го исперете во солена вода. Многу лесно ќе ја исчистите свежата дамка од кафе или чај ако на извалканиот дел од облеката ставите смеса од глицерин и сол во однос 1:1. Штом избледи дамката, веднаш исперете ја на вообичаен начин, рачно или во машина.
II Глицерин против прашина. Ако со глицерин го исполирате лакираниот дрвен мебел, па дури и огледалата, прашината нема да се таложи на нив.
III Глицеринот ги обновува кожните работи. Ако кожната гарнитура со текот на времето се излитила (или јакна, чанта…), пребришете ја со глицерин. Можеби нема да и го врати првобитниот иглед, но ќе изгледа многу подобро и поново.
IV Ќе ви ги светне подовите. Ако дома имате паркет или ламинат, пребришете ги со вода и глицерин (2-3 супени лажици глицерин на 5 литри вода). Повторно ќе засветат.
V Глицерин за коса
Наједноставниот начин: додајте неколку капки глицерин во шампонот при секое перење на косата и косата ќе стане послушна, мека и хидрирана. Глицерин може да додавате и во маските и „пакувањата“ за коса. Оваа вискозна супстанција ги обновува влакната и ги хидрира.
VI Глицерин за раце
Во продавниците може да пронајдете креми за раце со глицерин. Исклучително се корисни, како за ладни, така и за врели денови. Зимно време ги штити рацете од студ, а летно време ја ублажуваат иритацијата и јадежот на кожата.
Можете едноставно да ставите малку глицерин на проблематичните и суви делови од рацете или да направите бања за раце: неколку капки глицерин ставете во топла вода.
VII Глицерин за кожа на лице
Глицеринот одамна се користи во козметичката индустрија и покрај еволуцијата на различни компоненти во козметиката, и натаму е популарен меѓу произведувачите. Факт е дека поседува единствена способност – брзо ја впива влагата и долго ја чува.
Ако го нанесете на лице, кожата нема да го апсорбира, туку глицеринот ќе содаде невидлив „филм”/слој, кој привлекува микроскопски молекули од вода кои се наоѓаат во воздухот и со самото тоа ќе ја хидрира кожата. Ако живеете во место каде е ниска влажноста на воздухот, тогаш не го користете глицеринот или мешајте го со други креми.
VIII Глицерин за пети
Глицеринот можете да го користите за нега на груба кожа на рацете, стапала и испукани пети. Рецептот е проверен и делотворен. После 10-тина дена ќе ги забележите фантастичните резултати! Вашите пети ќе станат розови, нежни и меки, а ноктите ќе добијат убав сјај.