На дрвените маси честопати може да се појават тркалезни, бели траги од чашите кои претходно стоеле тука, а некогаш е многу проблематично за нивно отстранување. За среќа, домаќинките секогаш споделуваат извонредни решенија за вакви необични проблеми со кои сите некогаш сме се соочиле.




Всушност станува за многу едноставен трик од неколку секунди. Познато е дека белите траги се појавуваат кога влагата од чашите или шолјите ќе продрат во заштитниот слој на дрвото. Круговите може да се формираат и од топли или пак, ладни предмети.




Еве што предлагаат домаќинките: најпрво натопете една кујнска крпа и од неа истиснете го вишокот вода. Потоа оваа влажна крпа ставете ја на масата, така да ги прекрие белите траги. Врз крпата поставете пегла загреана на најниска температура.




Дамките е потребно да се проверуваат на секои 10-тина секунди за да се провери дали почнале да иcчезнуваат и во моментот кога ќе ги нема, се прекинyва со третманот. Наместо пегла може да се користи и фен за коса.




Доколку користите фен за коса, истиот поставете го на ниско и движете се со него напред-назад преку дамката околу 10 минути. Фенот за коса е секогаш делотворен. А еве како да приготвите домашен спреј против прашина – многу лесно и едноставно. За негова подготовка ќе ви бидат потребни само три состојки, како и вода. Овој спреј е поздрава и поекономична варијанта, а сепак е ефикасен.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 шолја вода, 1/4 шолја ал-кохолен оцет, 2 супени лажици маслиново масло, 10-15 капки есенцијално масло по желба (лимон, лаванда). ПОСТАПКА: Сите состојки измешајте ги во празно шише со распрнувач. Добро протресете го шишето за да се соединат состојките и маслото да се разбие на поситни капкички.




Испрскајте ја површината која сакате да ја исчистите или нанесете директно на крпата. пред секоја употреба протресувајте го шишето. Оваа течност особено е погодна за голема површина како што се подовите. Со помош на овој домашен спреј ќе го редуцирате бришењето на прашина за трипати отколку што порано сте практикувале. А еве како воопшто да не се враќа прашината:




Имено, не е доволно само да се исчисти прашината, туку и да се спречи таа да не се појавува барем некој период. Сè што треба да направите е да измешате 5 литри вода со 3 лажици глицерин, да натопите крпа во оваа мешавина и со неа да ги пребришете подовите, огледалата и мебелот.




Исто така, глицеринот е ефикасен и во елиминација на дамки од кафе или чај од облеката. На свежа дамка нанесете комбинација од кујнска сол и глицерин (во однос 1:1), а штом дамката избледи, облеката исперете ја на стандарден начин.




Со крпа натопена во малку глицерин може да ги истретирате изгребаните делови од кожната облека или мебелот. За детално чистење на прозорите се користи раствор од глицерин и етил алкохол во однос 1:10. Со овој раствор се пребришуваат прозорите.