Можеби ќе се изненадите, но примената на глицеринот е многу голема, бидејќи може да ви помогне во најнеочекувани ситуации, да ви заштеди време, пари и нерви.

Глицеринот е еден вид на сложен ал-ко-хол кој е буквално „жеден“ за вода. Составен е од две примарни ал-ко-холни групи и една секундарна (споредна) кои претставуваат еден вид на сунѓерчиња, односно кон себе ја привлекуваат водата кога доаѓаат во контакт со истата (според некои истражувања апсорбира вода до 25% од својата тежина).

Претставува безбојна течност, со средна густина, растворлива во вода (доколку се прават креми се додава секогаш во водената фаза). Се добива по пат на хидролиза на триглицеридите кои може да бидат од животинско или растително потекло, односно по пат на сапунификација на маслата (кои може да бидат од растително или животинско потекло).

Затоа и кога се подготвуваат домашни сапуни во самиот производ веќе е присутен глицеринот. Има еден вид на глицерин кој се добива и по пат на преработка на нафтата, меѓутоа за среќа е доста редок како состојка, со оглед на тоа што претходните два се многу поевтини за производство.

Како состојка глицерионот има „вечен живот“. Нема рок на траење, одлично издржува секаков вид на температура и не реагира на светлина (како што е тоа случај со многу други состојки).

I Со помош на глицерин можете да исчистите закоравени дамки

Дамки од бобинки може да исчистите така што еден час ќе го оставите валканото место потопено во глицерин, а потоа ќе го исперете во солена вода. Многу лесно ќе ја исчистите свежата дамка од кафе или чај ако на извалканиот дел од облеката ставите смеса од глицерин и сол во однос 1:1. Штом избледи дамката, веднаш исперете ја на вообичаен начин, рачно или во машина.

II Глицерин против прашина. Ако со глицерин го исполирате лакираниот дрвен мебел, па дури и огледалата, прашината нема да се таложи на нив.

III Глицеринот ги обновува кожните работи. Ако кожната гарнитура со текот на времето се излитила (или јакна, чанта…), пребришете ја со глицерин. Можеби нема да и го врати првобитниот иглед, но ќе изгледа многу подобро и поново.

IV Ќе ви ги светне подовите. Ако дома имате паркет или ламинат, пребришете ги со вода и глицерин (2-3 супени лажици глицерин на 5 литри вода). Повторно ќе засветат.

V Глицерин за коса

Наједноставниот начин: додајте неколку капки глицерин во шампонот при секое перење на косата и косата ќе стане послушна, мека и хидрирана. Глицерин може да додавате и во маските и „пакувањата“ за коса. Оваа вискозна супстанција ги обновува влакната и ги хидрира.

VI Глицерин за раце

Во продавниците може да пронајдете креми за раце со глицерин. Исклучително се корисни, како за ладни, така и за врели денови. Зимно време ги штити рацете од студ, а летно време ја ублажуваат иритацијата и јадежот на кожата. Можете едноставно да ставите малку глицерин на проблематичните и суви делови од рацете или да направите бања за раце: неколку капки глицерин ставете во топла вода.

VII Глицерин за кожа на лице

Глицеринот одамна се користи во козметичката индустрија и покрај еволуцијата на различни компоненти во козметиката, и натаму е популарен меѓу произведувачите. Факт е дека поседува единствена способност – брзо ја впива влагата и долго ја чува.

Ако го нанесете на лице, кожата нема да го апсорбира, туку глицеринот ќе содаде невидлив „филм”/слој, кој привлекува микроскопски молекули од вода кои се наоѓаат во воздухот и со самото тоа ќе ја хидрира кожата. Ако живеете во место каде е ниска влажноста на воздухот, тогаш не го користете глицеринот или мешајте го со други креми.

VIII Глицерин за пети

Глицеринот можете да го користите за нега на груба кожа на рацете, стапала и испукани пети. Рецептот е проверен и делотворен. После 10-тина дена ќе ги забележите фантастичните резултати! Вашите пети ќе станат розови, нежни и меки, а ноктите ќе добијат убав сјај.

IX Еве како со глицерин да ги смирите грчевите во нозете

Грчевите се силни, бол ни контракции на мускулите кои се јавуваат ненадејно и траат од неколку секунди до неколку минути. Најчесто се јавуваат во нозете и може да се јават во било кое време од денот. Често се предизвикани како последица од недостиг на минерали и витамини во организмот.

Ако грчевите ви се јавуваат многу ретко, тогаш нема за што да се грижите, но доколку се јавуваат често, спонтано, па дури и кога се наоѓате во состојба на мирување, неопходно е да ја утврдите причината за нивното појавување и да преземете одредени мерки за да се ослободите од нив.

Дали знаевте дека обичен глицерин може да биде од голема корист ако имате грчеви во нозете? Можеби ќе се изненадите, но примената на глицеринот е многу разновидна. Тој може да ви помогне во најнеочекувани ситуации. Глицеринот е проѕирна течност која се користи како компонента за производство на сапуни и други средства за лична хигиена.

Купете шишенце глицерин од аптека и истријте ги со него мускулите на нозете, исто како кога мачкате млеко за тело. Со лесни движења втријте го глицеринот, а потоа легнете да спиете. Благодарение на глицеринот грчевите нема да ве измачуваат навечер, а кожата ќе ви биде мека и нежна. Глицеринот е наједноставниот начин за отстранување на ноќни грчеви во нозете за секој кој го има овој проблем.

СОВЕТ ПЛУС: Што да направите ако ве фати грч во нога?

За да се ослободите од проблемот направете го следното: кога ќе се јави грч во листот од ногата, обидете се да се фатите со рака за прстите на стапалото и нагло повлечете ги кон себе. И покрај бол ката во ногата, обидете се да се задржите во оваа положба. Истовремено масирајте го мускулот на листот од ногата. Бол ката набрзо ќе помине.

Лицата кои се подложни на грчеви во мускулите мора редовно да ги вежбаат стапалата со истегнување во текот на денот, со што се постигнува опуштање на мускулните влакна и се спречува појава на грчење.

Терапијата треба да сведува на спречување на претеран замор, надокнадување на течности и електролити како и адекватна исхрана. Внесот на магнезиум ги отстранува бол ките бидејќи помага моментно, но и долгорочно во релаксација на мускулите.