Денеска е 25 мај (по стар стил) и се слави Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител. Во времето на прого.нството на светиот Јован Златоуст, главата на свети Јован Крстител беше пренесена во градот Емеса.

Оттаму, во времето на напа.дот на Сарацените таа беше пренесена во градот Комане (каде што беше прого.нет светиот Јован Златоуст) и во времето на иконоборството, во 8 век, таа беше сокриена во земја.

Кога престана иконоборството, на патријархот Игнатиј за време на ноќна молитва му беше откриено, во видение, местото каде што е скриена чесната глава на светиот Јован Претеча.

Патријархот му кажа за тоа на императорот Михаил, кој испрати луѓе во Комане, и ја најдоа, според видението на патријархот, во 850 година. Потоа чесната глава на Свети Јован беше пренесена во Цариград и положена во придворната царска црква, на 25 мај.

Дел од чесната глава денес се наоѓа на Света Гора.

Да се потсетиме и на Светиот свештенома.ченик Терапонт, епископ Кипарски

Монах и подвижник на островот Кипар, се удостои со епископски чин, а за време на прого-нствата се удостои и со ма-ченички венец. Неговото т ело п очиваше во една црква на Кипар.

Кога во времето на Никифор у дрија Агарјаните на островот Кипар, светителот му се јави на настојателот на црквата и му кажа дека н еверниците ќе го н ападнат Кипар, па му н ареди неговите мошти да се пренесат во Цариград.

Тој веднаш го изврши тоа. Кога тргна коработ со кивотот, на морето се крена голема бура, но околу самиот кораб беше тивко и мирно, а од кивотот се разлеваше благоухание низ целиот кораб и наоколу.

Тогаш настојателот го отвори кивотот и сите го видоа преисполнет со миро излеано од мош-тите на светителот. Од тоа миро се намачкаа мнозина б олни и оздравеа. Во Цариград над ч удотворните м ошти изградија нова црква и почнаа да здобиваат ис-целенија сите што со вера им притекнуваа на светите ч удотворни м ошти.

Со Божествената благодат од моштите на свети Терапонт се исцелуваа најтешките бол-ни од парализа, рак, кр-вотечение, л удило, с лепило, ису-шеност и разни други м аки.