Слонот е животно кое луѓето обично го поврзуваат за добро памтење и силни семејни врски, впрочем – ова се карактеристиките на ова животно. Од многу одамна слонот претставувал симбол за добро здравје, долговечност, трпение и верност.

Во бројни култури слонот зазема почесно место, особено во Индија каде се смета за свето животно. Впрочем, слободно може да се каже дека слонот за Индијците не е само превозно средство, туку и еден вид национално богатство.

Истовремено е најбараниот сувенир и талисман за среќа, здравје, просперитет, добар углед, но и врска со веројатно најпопуларниот бог во Индија – Ганеша. Во нашата култура слонот како симбол не е толку познат, бидејќи слоновите ниту живеат на наше поднебје.

Меѓутоа, во другите култури е многу п опуларна фигура со длабоко значење. Познат како бог кој ги р уши сите п речки, Ганеша има т ело на човек а глава на слон, каде главата, односно с урлата претставува симбол на супериорна интелигенција.

И во К ина слонот е еден од најпопуларните симболи. Се доведува во врска со сила, чесност, слава, правичност а има и одлики на племенит в одач: мудрост, храброст, висока моралност.

Во к инеската уметност често наидуваме на слон опкружен со мали деца, па оттука е јасна и неговата улога во Фенг шуи. Имено, се смета дека поставување на неколку слонови фигури со спуштени с урли пред спалната соба – гарантира среќно и здраво по-томство.

Дали и вие имате фигура на слон дома? Еве каде и како треба да стои за да при-влекува среќа и богатство. Слон во близина на влезна врата привлекува среќа и здравје за домашните, додека слон во градината ја штити куќата од негативни влијанија однадвор.

Фигура од слон ако ставите во вашата спална соба, претставува љ убов меѓу двајца и го чува бракот, додека фигура на мајка слон со нејзиното младенче – го чува добриот однос меѓу родителите и децата.

Брачните парови кои сакаат бебе, според ова верување, треба да стават слон во спал-ната соба, но не заборавајте и една фигура во детската соба за креативност и наука.

За да п ривлечете п ари и успех на работа, фигурата на слон со жаба или мајмун на врвот треба да ја поставите во северниот дел од куќата. Слон со дигната с урла значи успех, а со спуштена значи долговечност.

Иако нашата култура и религија е сосем различна од оваа, сепак мора да признаеме дека слоновите фигури се многу интересни и декоративни, па од тие причини можат да се сретнат во многу домови и работни простории.