Дијабетес мелитус е болест предизвикана од недоволно лачење на хормонот инсулин. Инсулинот е хормон кој се произведува во панкреасот и е одговорен за правилен метаболизам на јаглехидратите.

Без инсулин, шеќерот проголтан преку храната не може да се пренесе од кр-вотокот во клетките, што се манифестира како зголемување на шеќерот во кр-вта. Според критериумите на СЗО, дијабетесот е состојба кога количината на шеќер во кр-вта (гликоза во кр-вта по 10 часа гладување) е поголема од 7,0 mmol / L. Референтната вредност на утринската гликемија на празен стомак е од 3,6 до 6,1 mmol / L.

Некои симптоми укажуваат на предијабетична состојба, а овие пациенти треба да видат внимателни во изборот на начинот на исхрана, да бидат почесто физички активни и целокупно да го променат стилот на живеење.

Често и обилно мокрење, зголемена жед и глад

Класичен симптом на напреднат дијабетес е честото и обилно мокрење. Причината за појавата на овој симптом е што неискористената поголема количина гликоза од кр-вта се филтрира во урината и повлекува вода. Телото одговара на овие загуби со зголемено чувство на жед и глад.

Честото мокрење е можеби најлесно да се препознае преку мокрење во текот на ноќта. Имено, поради зголеменото производство на урина, пациентот не е во состојба да ја преспие ноќта без мокрење, а желбата за мокрење го буди.

Необјаснето губење на тежината

Наведената загуба на гликоза и течност доведува до пад на телесната тежина што не може да се објасни со д иета за намалување или засилено вежбање. Поради недостаток на енергија, маснотиите од масното ткиво почнуваат да се рас.паѓаат, како и протеините од мускулното ткиво.

Замор

Иако ова е многу неспецифичен симптом кој се јавува кај многу други болести, заморот може да се појави релативно често кај луѓето со дијабетес. Причината за оваа состојба се промените во метаболизмот на енергијата што произлегуваат од недостаток на гликоза. Дехидрираноста поради загуба на вода придонесува и за чувството на исцрпеност.

Визуелни нару-шувања

Визуелни нару-шувања може да се појават кај пациенти со дијабетес. Краткорочни нару-шувања на видот се јавуваат главно на почетокот на б олеста, а влош.увањето на видот веројатно се должи на покачените нивоа на гликоза во плазмата кои предизвикуваат движење на течноста во окото и надвор од окото и ги менуваат обликот и оптичките својства на леќата.

Оваа состојба е минлива, може да трае до еден месец и се решава со нормализирање на нивото на гликоза во кр-вта. Многу посериозно е појавата на промени во малите кр-вни садови на мрежницата на окото, што се јавува главно во подоцнежниот тек на болеста и е резултат на долготрајна хипергликемија.

Сувост и чешање на кожата

Луѓето со дијабетес поради зголемено ниво на гликоза во кр-вта губат повеќе течност од телото, што доведува до сува кожа, особено на нозете, стапалата, лактите, но и на другите делови од телото.

Чешање на кожата може да биде предизвикано од габична инфекција, сува кожа или слаба циркулација што влијае главно на стапалата. Од сето погоре, јасно е дека на хигиената и нега на кожата треба да се посвети посебно внимание.

Проблеми поврзани со г ениталниот систем

Ерек-тилна дисфункција може да се појави кај машки пациенти поради промени во кр-вните садови и н ервите. Кај жените, промените се посуптилни, може да има помалку лачење на ва-ги-нална слуз.

Бавно заздравување на п овредите

Овие пациенти имаат поголема подложност на инфекции како резултат на поголемо ниво на глукоза во ткивата што прави добра подлога за развој на бактерии. Од слични причини, п овредите како што се исе.ченици може потешко да заздрават.

Вкочанетост 

Ако болеста трае подолго, без разлика дали е дијагностицирана или не, може да се развијат хронични к омпликации кои влијаат на нервите. Обично се погодени најдолгите нерви, односно оние што достигнуваат до стапалата, поретко до дланките.

Поради промените во н ервите и послаба сензација на допир, температура и б олка, во подоцнежниот тек, може да се појават непријатни сензации како вкочанетост, пецкање и слично. Важно е да се нагласи дека нару-шените сензации на допир, температура и б олка може да го зголемат ризикот од п овреда.

Испробани рецепти и многу делотворни 

I Рецепт: Земете еднакви делови лист од боровинка, смрекови бобинки, пелин и листови грав. Една лажичка од мешавината се прелива со 1 чаша врела, зовриена вода (250 – 300 мл) и се остава поклопено 15 минути. По изминатото време се процедува и се пие чајот трипати на ден пред оброк, во период од 5 дена, а потоа се прави пауза од 2 дена.

II Рецепт: 10 г нане, 10 г лук, 40 г глуварче и 40 г цикорија. 3 полни супени лажици од мешавината се преливаат во 500 мл ладна вода и се остава да отстојат преку ноќ. Наутро се загрева до вриење и се пие трипати во текот на денот пред оброк.

III Рецепт: Чај од жалфија – 1 лажичка од билката се става во 500 мл врела зовриена вода и се остава да вари уште 3 минути. Се пие исто како и претходните чаеви. Друго: Треба да се јаде свежо овошје и зеленчук и многу манџи од шарлаган, грав и грашок.

IV Рецепт: Подготовка на тинктура од чичок

Сите делови на растението се лековити и се користат при подготовка на тинктурата. Постојат и рецепти за оваа тинктура со мед. Корисен е само по себе, но се додава на тинктурата за ублажување на горчината.

Подготовка: Измијте, исушете и исечкајте го долгиот корен на чичокот во блендер или на ренде. Ставете го во чиста стаклена тегла, прелијте со чаша вотка, затворете со капак и оставете да отстои на ладно и темно место. Еднаш неделно протресувајте, а по 1 месец е спремно за кон-сумирање по процедување. Ако горчината е неподнослива, тогаш во тинктурата се додава 100-200 г мед.

Кон-сумирајте 30-40 минути пред јадење. Тинктурата има големо диуретично дејство при што се исфрла калиум од организмот. Важно е да јадете храна со поголемо количество со овој минерал додека трае терапијата со чичок.

Начин на кон-сумирање: Првите 2 дена – 1 лажичка двапати на ден, следните два дена – 1 лажичка трипати на ден, од 5. до 30. ден – 1 лажица трипати на ден. Потоа направете пауза еден месец и повторете ја терапијата по потреба. За превенција, се препорачува да се спроведат 3 терапии годишно. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска