Рецепт и видео презентација на Бокина кујна – колач од кокос и гриз за 10 минути.
Овој ролат се приготвува од кокос и гриз, многу брзо, за само 10-тина минути. Колачот не само што е едноставен за подготовка, туку има и одличен вкус. За сите љубители на рафаелото, овој рецепт е полн погодок!
Потребни состојки: 300 мл млеко, 120 г шеќер, 2-3 кесички ванилин шеќер, 6 лажици гриз, 80 г путер или маргарин, 130 г кокос, 60 г бело чоколадо и малку потпечени лешници, ореви, кикирики…
За глазурата е потребно: 50 г чоколадо и 40 мл слатка павлака. Глазурата може да ја направите и по сопствен избор.
Постапка: Во тенџере на оган ставете 300 мл млеко и додадете две до три кесички ванилин шеќер.
Потоа додадете го шеќерот и мешајте додека да се растопи и млекото да се загрее. Температурата намалете ја на умерено. Тогаш додадете 6 лажици гриз и мешајте постојано околу 5 минути (како и вообичаено кога варите гриз).
Кога гризот ќе се свари додадете 80 г путер и мешајте внимавајќи да не ви загори. На крај додадете 130 г кокос и промешајте добро.
Ќе забележите дека смесата е малку потврда, меѓутоа кога убаво ќе се измеша и кокосот ќе набубри, ќе се добие фантистично мека смеса со одличен вкус.
Калапот кој ќе го користите обложете го со проѕирна фолија или хартија за печење (користете долгнавест, пребрест калап за ролати или каков имате). Смесата рамномерно распоредете ја и убаво притиснете ја во калапот. Израмнете.
Белото чоколадо (околу 50-70 г) растопете го со 1 лажичка масло и премачкајте го колачот одозгора (кога ќе се преврти ќе биде долу) и наросете 3-4 лажици мелени лешници колку да се прекрие површината.
Преостанатото бело чоколадо прелијте го преку лешниците.
Вака приготвениот колач оставете го во фрижидер добро да излади или половина час во замрзнувач. Потоа колачот превртете го врз чинија за сервирање и прелијте го со чоколадна глазура (на тивок оган растопете го чоколадото со слатка павлака).
Сечете го на парчиња и послужете. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото: