Посни банана бомбици, одлични за секаква пригода, па и за секој ден – се топат во уста. Едноставно се приготвуваат а имаат многу добар вкус кој ќе ве воодушеви…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

2 зрели банани
150 г посен маргарин
150 г шеќер во прав
300 г посни мелени бисквити
100 г мелени лешници

ПОСТАПКА:

Маргаринот оставете го да омекне на собна температура, па пенасто изматете го со шеќерот во прав.

Бананите исечете ги на тркалца и малку изгмечете ги со виљушка, па додајте ги и нив во маргаринот и уште малку изматете за да се соединат.

Додајте ги посните, мелени бисквити и промешајте убаво за да се изедначи смесата. Потоа вадете од смесата и формирајте со дланките топчиња со величина на орев.

Ако смесата не е доволно густа, оставете ја во фрижидер малку да се стегне или додајте уште малку мелени бисквити.

Формираните топчиња валајте ги во мелен лешник или нешто друго по ваш вкус. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото: