ПОСТОЈАНО ИМА КАВГА ВО ВАШИОТ ДОМ? Еве како да проверите дали има негативна енергија и како да ја отстраните…

Негативната енергија во вашиот дом може да ви донесе само зло, никакво и ништо добро… Освен тоа, ваквата енергија влијае и врз расположението – предизвикува нервоза, депресивно чувство, тага, песимизам…

Многумина велат дека многу доцна сфатиле дека негативните работи кои им се случувале во подолг период се само поради лошата атмосфера во сопствениот дом.

Во спроведените анкети, многумина од нив изјавиле дека дури откако „го вратиле филмот во главата“, сфатиле дека расположението драстично им се променувало токму во оној момент кога ќе зачекориле во куќата и ќе влезеле во домот.

Речиси инстантно започнувале кавгите, нервозата и лошото расположение…

Негативната енергија во куќата можат да ја внесат луѓето кои во неа живеат, но и повремени посетители, можеби соседи, или ја внеле луѓето кои некогаш живееле таму.

Таа се впива во сите делови од домот, а знае да се акумулира и на некои тешко достапни места.

Еве како можете да откриете дали има негативна енергија во вашиот дом:

1. Земете обична проѕирна чаша и во неа ставете третина крупна, кристална сол, третина алкохолен оцет и третина вода.

2. Ставете ја чашата таму каде што мислите дека негативната енергија е најконцентрирана.

3. Нека чашата биде сокриена, така да никој не ја допира или поместува.

4. Оставете ја на тоа место 24 часа.

5. Потоа проверете ја чашата – дали е онаква каква што сте ја оставиле?

6. Ако сè изгледа исто, тоа покажува дека немате негативна енергија во таа просторија.

7. Повторете ја постапката во друга просторија.

Знаци дека навистина постои негативна енергија и како да ја неутрализирате:

1. Ако во чашата забележите некои дамки или многу меурчиња, тоа значи дека во таа просторија постојат енергетски проблеми.

Окадете го вашиот дом за здравје на домашните и да ви тргне кон подобро во животот

Во тој случај повторувајте ја постапката додека исчезнат знаците на негативна енергија, додека водата во чашата не биде иста каква што сте ја оставиле.

2. ВАЖНО! Водата секогаш истурете ја во тоалет и веднаш пуштете вода. Тоа целосно ќе ја исчисти негативната енергија која се насобрала во вашата куќа, пишува Атма.