Окадете го вашиот дом за здравје на домашните и да ви тргне кон подобро во животот

Направете лековито чистење на просторот со помош на чадот од одредени билки и темјан. Секоја традиционална култура има свој начин на енергетско чистење и притоа се користат различни билки. Целта е исцелување на сите нивоа – физичко, емоционално и духовно.

Еве како да ја окадите куќата за да ви тргне кон подобро и за здравје на домашните

Ако честопати се чувствувате изнемоштено, безволно, уморно и постојано сте нерасположени, тогаш е време од себе да ја истерате негативната енергија и да живеете подобро и поубаво, уште од денес!

Прочитајте ги овие едноставни упатства и уште денес вие и вашите домашни започнете да живеете повесело и позадоволно.
Loading...

Старите Словени имале испробан метод кој до ден денешен е испробан и успешно се применува. Нашите предци забележале дека темјанот кога ќе се запали има лековито дејство на целокупниот дом и на луѓето кои живеат во него.

Темјанот има многу пријатен и релаксирачки мирис кога ќе се запали и чадот оди кон плафонот – тоа ги симболизира и ги претставува нашите молитви упатени кон Бога.

Се’ што ни е потребно за да ја избркаме негативната енергија од домот и да се врати светлината се: темјан, восочна свеќа и вера во Бога.

Еве како да ја окадите куќата:

Ако во последно време сте нерасположени, чувствувате негативна енергија во вашиот дом и лоша атмосфера со болести и кавги, време е да го примените овој мал, едноставен ритуал. Земете темјан и запалете го да жари, па поминете низ целата куќа и околу куќата доколку имате двор.

Темјанот се користи и при ароматерапија бидејќи сп својот пријатен мирис им помага на луѓето при болести како што се: астма, бронхитис, дишни проблеми, алергии и настинки. Во ароматерапијата се лекува и за лекување на хистерија, напнатост, нерасположение.

Кога со запален темјан ќе поминете низ целата куќа, на тој начин вие вршите енергетско чистење и со тоа ја бркате негативната енергија.

Многу е важно кога ќе го спроведувате овој ритуал, куќата да биде чиста и средена, а вие да бидете истуширани, односно чисти, за да може на тој начин целосно да се елиминира негативното. На тој начин се прави комплетно чистење.

Чистењето на негативна енергија би требало да го повторувате секој месец и на тој начин да ја одржувате заштитена од сите видови на негативна енергија.

Восочна свеќа

Кога ја кадите куќата, потребно е да запалите восочна свеќа. Пламенот на свеќата ќе помогне да се поврзете со Бог и да ја разбудите вашата внатрешна енергија и мудрост. Ова можете да го примените било каде, веднаш…

Ако сте тажни и нерасположени или пак се двоумете за нешто или се каете, запалете свеќа и нејзиниот пламен ќе ги растера лошите мисли. Пламенот од свеќата ќе ве ослободи од стресот и дел од проблемите кои ве притискаат.

Луѓето во стариот Египет верувале дека гледањето во пламен од свеќа помага во поврзување со Бог. Свеќите имаат многу релаксирачко и смирувачко дејство, па така, покрај религиски молитви, се користат и за медитација, спа центри за опуштање или за романтика.

Прекрстете се

Истражувањата на руските научници речиси ја запрепастија јавноста. Имено, откриле дека микробите исчезнуваат штом се изведе ритуалот прекстување. Забележано е дека водата ја менува својата структура, односно станува почиста ако претходно се прекрсти и прочита молитва.

Следното истражување е изведено на Институтот во Москва, каде е забележано дека кога човек ќе се прексрсти, се чувствува многу посмирено и чувствува душевен мир. Ова истражување е спроведено од страна на реномирани руски научници на пример од неколку илјади луѓе.

Запалете лист од жалфија – во рок од 10 минути ќе се случи чудо!

Жалфијата одамна е позната на нашите простори као лековита билка. Нашите предци ја користеле за истерување на зли духови, но и за лекување на бројни болести. Во разни краишта се нарекува со разни имиња – кадуља, калопер, бел џигер, славуља, па дури и бел пелин… дополнете и вие.

Оваа лековита билка има широк медицинска примена и влегува во составот на бројни лекови. Нејзината лековитост потекнува од испарливите етерични масла и затоа се смета дека е лековито доколку се вдишуваат нејзините испарувања.

Без разлика дали е лето или зима, дали прозорорите по цел ден се отворени или затворени, воздухот внатре во нашиот дом никогаш не може да биде како оној надвор, бидејќи е исполнет со микроорганизми и има поинаков состав.

Ако сакате да се ослободите од овие непожелни материи, прочистете го воздухот во својот дом, или како што порано велеле нашите стари – да го истерате злото – послужете се со жалфијата.

Истражувањата покажале дека кога ќе ја окадите просторијата со жалфија, се уништуваат дури 94% од бактериите во воздухот. А кога истражувачите го испитале воздухот следниот ден, тој и натаму бил чист.

КАКО ДА ГО ОКАДИТЕ ДОМОТ СО ЖАЛФИЈА

Земете суви листови жалфија, свиткајте ги во “стапче”, запалете го едниот крај и веднаш изгасете го. Потоа ќе продолжи да жари и да чади.

Се смета дека доколку вака постапите неколку денови по ред, ќе спречите главоболки, кашлица и респираторни инфекции, намалување на ризик од болести, хроничен умор и астма.

Запалете гранче “Божји дух” за да ги уништите вирусите и лошата енергија од просторот

Изоп или уште познат под имињата како Милодух или Божји дух, е  растение кое расте како грмушка, има силен мирис нешто слично на рузмарин и лаванда, повеќегодишно растение и доста ретка билка.

Со оваа билка можете да си ги покадите вашите домови за спокој, мир и истерување на негативните сили. Се става малку на јагленче и се кади целата куќа.

Запалете ловоров лист и почекајте 10 минути да видите што ќе се случи!

Никогаш не ја потценувајте моќта на различните ароми врз нашиот организам! Дали знаевте дека необичниот мирис на ловорот има неверојатно смирувачко дејство врз сите нас? Иако често се користи во кујната, тој има и многу други корисни намени.

Уште многу одамна старите Грци ги препознале лековитите својства на ловорот и го користеле во медицината. Ловорот се одликува со силни противвоспалителни и смирувачки својства. Тој помага, меѓу другото, во борбата против епилепсија, но и за ослободување на дишните патишта.

Ако имате висок крвен притисок, несоница или сте под стрес, ловорот може да помогне! Исто така, им се препорачува на сите оние кои сакаат да го контролираат холестеролот!

На што треба да се внимава?

За да се искористат неговите својства, може да се консумира во јадења, готвејќи го во зовриена вода или внимателно да го запалите. Земете сув ловоров лист (кој се продава како зачин) и ставете го во пепелотресник или некој друг огноотпорен сад. Запалете го. Потоа, излезете од собата 10-тина минути.

Кога ќе се вратите, ловоровиот лист ќе биде целосно изгорен, а собата ќе биде исполнета со мирисен дим, кој создава посебна атмосфера. При согорувањето на ловоровиот лист се ослободуваат специфични испарливи материи, кои помагаат телото да се опушти, релаксира и полесно да се совлада уморот. Опуштено легнете вдишувајќи го воздухот од собата. Но, сепак, внимавајте да не се опуштите премногу па да заборавите на огнот!

Каков ефект може да се очекува:

-Мирисот делува на организмот како аналгетик и го стимулира организмот да лачи ендорфин.
-Го смирува нервниот систем.
-Ги спречува нападите на епилепсија.
-Одлично помага при несоница.
-Го подобрува чистењето на дишните патишта.
-Може да послужи како одлично средство за чистење на куќата од различни непријатни мириси и мирис на влага.

Не се двоумете и купете си ловоров лист кој ќе се погрижи за вашето здравје и вашето расположение. Споделете ги овие совети со вашите пријатели, ќе ви бидат благодарни!

Loading...