Гениталните органи се белег на жената со огромно значење и секоја жена мора да се грижи за нивното здравје. Како што старее жената, со текот на годините стареат и гениталиите.

На пазарот може да набават различни производи кои можат да ги избришат годините од вашето лице, но за жал, не можат истото да го направат и со вашата вагина.

Еден експерт за женско сексуално здравје наведува дека гинеколозите не им ги откриваат овие работи на жените, па затоа тие во еден момент се шокираат кога нивната вагина и вулва ќе се промени со текот на годините.

Повеќето жени чувствуваат срам да зборуваат за нивните вагинални проблеми, дури и со својот гинеколог.

Во продолжение на текстот можете да прочитате неколку едноставни примери за тоа како да го сочувате оптималното здравје и состојба на вашата вагина:

1.Одржување на добра хигиена

Секогаш започнуваме со хигиената, бидејќи еден од најчестите проблеми со кои се соочуваат жените е непријатниот вагинален мирис.

За да се спречи тоа, вагината треба да се мие најмалку двапати дневно, со благ сапун, без мириси и хемикалии.

Треба да се обрати внимание на срамните влакна околу вагината, затоа што овој дел на кожата има доста потни жлезди кои може да го предизвикаат непријатниот мирис.

Треба да се одбегнуваат алкални сапуни и треба да се практикува миење на вагината со чај од камилица.

2.Редовно бричење/шишање

Редовната “фризура” или бричењето во голема мера го олеснува хигиенското одржување, бидејќи на срамните влакна се задржуваат потта и бактериите.

3.Дозволете и на вагината “да дише” со правилен избор на долна облека

Треба да се одбегнува синтетичка долна облека. Секогаш треба да се одбира долна облека која е направена од памук или други природни материјали.

Тоа е многу важно за да и се овозможи на вагината да “дише” правилно, бидејќи во спротивно може да се јави егзема, дерматитис и бактериски инфекции.

Еве какво влијание имаат парфемите и парфимираните марамчиња врз вашата вагина:

4.Менувајте ја долната облека еднаш дневно!

Долната облека мора да се менува секој ден, бидејќи вагиналниот секрет е одлична подлога за развој на бактерии.

Тие може да предизвикаат инфекции, како што се колпитис, циститис, па дури и инфекции на матката. За време на менструацијата долната облека треба да се менува дури и двапати дневно!

5.Не ставајте парфеми на вашата интимна зона

Мирисите може да предивикаат нерамнотежа на рН вредноста, а тоа да доведе до инфекција. Затоа, за да биде здрава вагината – парфемите не се добра идеја.

6.Посетувајте го вашиот гинеколог редовно

Сите жени треба да го посетуваат< гинекологот најмалку на секои шест месеци, или двапати годишно. Ова се препорачува за сите сексуално активни жени, особено после 21 година.

Секоја жена треба да направи тестови за најчестите инфекции, да направи ПАП тест и ултразвучен преглед на матката и јајниците. Ако го посетувате вашиот лекар редовно, тој може да ви го спаси животот.

7.Дали знаете дека можете да го подобрите вкусот и мирисот на вашата вагина?

Докажано е дека може да се промени вкусот на вагината со избор на вистинската храна. Треба да се јаде повеќе овошје, особено јаболка, манго, грозје и сл.

Од друга страна, треба да се одбегнува кромид, кафе, лук, алкохол и зачинета храна. овие намирници пак имаат негативен ефект врз вагиналните секрети.

Екстра совет: Слободно користете ги бебешките влажни намирници после секое одење во тоалет, бидејќи тие имаат неутрална рН вредност, не содржат парфеми и не се штетни за вагината.