Home Десерти МЕДЕНО СРЦЕ ТОРТА: Со банани, медени срца и чоколадо, брза и превкусна

МЕДЕНО СРЦЕ ТОРТА: Со банани, медени срца и чоколадо, брза и превкусна

Фото и рецепт: Палачинка

Потребни состојки:

3 пудинг од ванила,
600 мл млеко,
200 г шеќер,
250 г маргарин/путер,
200 г бисквити,
300 г медени срца,
500 г банани
200 мл слатка павлака
НМД

Чоколадо за декорација (по желба, не мора)

Постапка: 

Пудинзите разматете ги во малку млеко со шеќерот, а остатокот ставете го на оган да зоврие.

Во врелото млеко постепено додајте го изматениот пудинг и варете со постојано мешање додека да се згусне. Оставете целосно да излади.

<

Путерот (претходно омекнат на собна температура) пенасто изматете го, па во него (лажица по лажица) додајте го изладениот пудинг и убаво соединете со миксер.

Во меѓувреме искршете ги бисквитите, меденото срце исечкајте го на ситни коцкички, а исто така, исечкајте ги и бананите.

Убаво промешајте го со филот и убаво соединете. На крај изматете ја слатката павлака во шлаг и филувајте ја тортата. По желба украсете одозгора со рендано чоколадо.