Фото и рецепт: Катарина Дуспара

Рецептот е навистина многу брз, се прават топчиња со големина по ваша желба, се валкаат во кокос, во ореви, се прелеваат со бело или црно чоколадо – безброј можности.

Потребни состојки:

3 поголеми банани
200 г шеќер во прав (кој сака може да го исклучи шеќерот)
1 лажица рум (кој не го сака румот, може да стави ванила)
200 – 300 г мелени плазма бисквити
100 – 200 г кокос

Постапка:

Бананите се пасираат и се матат со 200 г шеќер во прав, па се додава една лажица рум. Се меша и се додаваат 300 г мелени бисквити. Јас користам плазма бисквити, а вие можете какви сакате.

Се додава и 200 грама кокос па умабо се меша да се добие изедначена смеса.

Од смесата се кинат и се формираат топчиња со големина по ваша желба, па се валкаат во кокос или мелени ореви, лешници, бадеми…

Може да ги направите и џамбо големи и да ги прелиете со топено бело или црно чоколадо. Бомбиците се многу вкусни, не можете да погрешите.

Фото и рецепт: Катарина Дуспара