Многу вкусен колач, брзо се приготвува, без печење

Loading...

Фото и рецепт: Амина Хусиќ

Потребни состојки:

700 г бисквити
150 г ореви
180 г шеќер
50 г какао
240 мл вода
150 г путер
50 г чоколадо
10 г кокос

за прелив:

150 г чоколадо
50 г путер
150 г слатка павлака

Постапка:

Бисквитите се кршат крупно во еден подлабок сад. На сува тава малку се пропржуваат оревите колку да се истостираат и убаво да замирисаат, околу 5 минути. Се мешаат заедно бисквитите и исечканите ореви.

За чоколадна смеса: Се мешаат 180 г шеќер со 50 г какао па се додава 240 мл вода и заедно се готват на умерена температура. Во чоколадната смеса се додава 150 г путер исечкан на листови и се меша додека да се растопи. Потоа се додава 50 г чоколадо искршено на коцки и се продолжува со варење уште 7-8 минути.

Вака приготвената смеса се остава 10-15 минути да излади. Потоа се прелива преку мешавината од бисквити и ореви, па внимателно со лажица се промешува. На крај се додава кокос и уште еднаш се промешува.

Калап со величина 24 см се намастува со путер и се наросува со кокосово брашно. Смесата се рамномерно се распоредува во калапот и добро се израмнува. Потоа се остава во фрижидер околу половина час за да излади и да се стегне.

За чоколаден прелив: 150 г чоколадо се крши и се топи на пареа. Се додава 50 г путер и се меша за да се соедини, па се додава 150 мл слатка павлака и се меша додека да се добие мазна смеса. Глазурата се прелива преку колачот и се израмнува. Се остава два часа во фрижидер, а потоа се украсува по желба и се послужува.

Сите детали околу постапката можете да ги погледнете во видеото:

Loading...