Фотографија и рецепт на Маријана Кузмановиќ

Потребни состојки (се мери со чаша од 200 мл): 4 јајца, 1 шолја шеќер, 1 шолја јогурт, 1 шолја гриз, 1 шолја кокос, ½ шолја масло, 1 шолја брашно, 1 прашок за печиво, 1 ванилин шеќер и малку рендана кора од портокал. За прелив: 2 шолји шеќер, 2 шолји вода, малку лимонов сок

Постапка: Во еден сад пенасто се матат јајцата со шеќерот. Додадете рендана кора од портокал, масло и јогурт.

Во друг сад измешајте ги сувите состојки, па додадете ги во смесата. Добиената смеса оставете ја да одмори 5-10 минути.

Рерната вклучете ја да се загрева на 180 степени. Тепсија или плех со средна величина намастете со путер и излејте ја смесата. Во меѓувреме додека се пече колачот, сварете го сирупот. Колачот се пече 15-20 минути додека убаво да зарумени.

Оставете го колачот малку да излади, па исечете го на коцки или баклави, а во секое парче можете да втиснете излупен бадем или орев по желба, но не мора.

Прелијте го колачот рамномерно со млакиот или изладен сируп, оставете комплетно да излади и да го впие сирупот, па послужете.

Фото и рецепт: Маријана Кузмановиќ