Чоколаден колач кој се топи во уста…Се подготвува од состојки кои ги имате в кујна, но има неодолив вкус…За сите обожуватели на чоколадото, овој колач има неодолив вкус! Еве што ви е потребно:

Потребни состојки:

1 чаша кисела павлака (180 г),
7 лажици брашно,
100 мл масло,
2 лажици какао,
4 лажици шеќер,
1 ванилин шеќер,
1 лажичка сода бикарбона,
100 мл ладно млеко и
рендана кора од 2 потрокали
За полевање на печената кора: сок од 2 портокали

За крем:
500 мл млеко,
300 мл вода,
5 лажици шеќер,
3 кесички пудинг од чоколадо (3х40г),
100 г темно чоколадо.

Постапка: изматете ги сите состојки потребни за тестото, мешајќи би прво влажните состојки, а потоа додајте ги сувите, па добиената смеса излејте ја во плех со средна големина, претходно намастен и набрашнет.

Печете во загреана рерна на 200 степени околу 15-20 минути. Исцедете два портокали и сокот прелијте го рамномерно преку кората за да го впие.

Млекото ставете го да зоврие со шеќерот, во водата изматете го пудингот и сварете го во млекото со непрекинато мешање додека да згусне.

Во сварениот пудинг искршете го чоколадото и промешајте додека да се растопи и соедини. Врелиот крем излејте го веднаш преку кората и оставете колачот целосно да излади на собна температура.

Потоа ставете го во фрижидер, па кога убаво ќе се стегне, исечете го на коцки и уживајте во неговиот вкус.