Ванила колач со јаболка, едноставен – поедноставен не може да биде…Мек е како сунѓер и се топи во уста…Одличен колач, брзо се приготвува, а вкусот е совежителен. Ви го препорачувам да го направите – Скопјанка. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки: 4 јајца, 1 шолја (од 200 мл) шеќер, 1 шолја масло, 1 шолја млеко, 2 шолји брашно, 1 прашок за печиво, 1 ванилин шеќер.
За прв фил: 1 литар млеко, 3 пудинг од ванила + 6 лажици шеќер.
За втор фил: 1 кг рендани јаболка, 3-4 лажици шеќер, 1 ванилин шеќер. Наместо јаболка можете да ставите вишни, малини, јагоди, кајсии и слично, но количината на шеќер прилагодете ја според овошјето.
Постапка: изматете со миксер јајца, шеќер и ванилин шеќер. Матете ги додека да станат кремасти, со постепено додавање на шеќерот.
Потоа во тенок млаз додајте го маслото, па млекото и на крај брашното помешано со прашок за печиво. Убаво промешајте со лажица да се соединат состојките.
Половина од смесата излејте ја во намастен плех, а може и тркалезен за торта, калап бр.26. Ставете да се пече во загреана рерна на 200 минути околу 10 минути додека кората малку да пожолти.
Потоа плехот извадете го од рерна, па преку бисквитот сипете го кремот, па филот со јаболка, па сето тоа прекријте го со остатокот од тестото и вратете во рерна да се допече уште 15-тина минути.
Пред послужување колачот посипете го со шеќер во прав.
Фил со јаболка: јаболката изрендајте ги, додајте шеќер па малку динстајте ги на оган додека да испари водата. Оставете да изладат.
За пудинг кремот: пудингот сварете го според упатството на кесичката. Јас обично прво го подготвувам пудингот, пред да започнам со подготвувањето на другите делови од рецептот.
Така ми е полесно, бидејќи и пудингот треба да биде изладен пред да се нанесе врз првата печена кора.