Фото и рецепт: Пале Гугусовска Здравкова

Потребни состојки:

20 суви пиперки
3-4 чешниња лук или по желба
200 мл масло за јадење
2 лажички мелен црвен пипер
сол по вкус

Постапка:

Пиперките се ставаат на оган со вода да се сварат. Потоа се чистат и се толчат во толчник.

На страна се чисти лукот, па и тој се толчи заедно со пиперките и малку сол. Густината сами ја одредувате, па ако сакате поретко, додавате од течноста во која се вареа пиперките.

Потоа се загрева масло за јадење, се додава малку црвен пипер и се попаруваат пиперките како запршка. Се посолува по вкус.

Количините за овој рецепт се одокативни, секој по вкус може да си додава или одзема.

Кај нас, веднаш штом се исушат пиперките, веднаш се приготвува ова макало, а доколку се погоди и некоја лута пиперка, уште поубаво!

Фото и рецепт: Пале Гугусовска Здравкова