Првите сигнали дека во вената постои крвно згрутчување, луѓето обично ги игнорираат.

Тромбозата се смета за една од најопасните состојби по човековиот живот. Може да се развие дури и ако немате очигледни проблеми со циркулацијата и крвните садови.

Најчесто се појавува во нозете, а во првата фаза не дава речиси никакви симптоми, но кога ќе почне да расте, бара итен третман, за да не дојде до опасни последици.

Ова се првите симптоми дека во вашата нога се создал тромб, а многумина го игнорираат:

-мал оток на нозете
-болка во листовите
-чувство на оган или тежина во нозете
-црвенило на кожата

Во повеќето случаи пациентите бараат лекарска помош дури кога тромбот доста ќе порасне и станува тежок за третирање.

Со влошување на состојбата, во пределот каде се создал тромбот се зголемува отокот, а местото помодрува. Ако не се третира соодветно, ногата во кога се наоѓа тромбот може да поцрни.

Тромб во нога обично се создава во вената од бутот, листот или околу скочниот зглоб.

КОИ ЛУЃЕ СЕ ПОДЛОЖНИ НА СОЗДАВАЊЕ ТРОМБОВИ?

-Луѓе кои многу време поминуваат седејќи, возејќи автомобил или кои често летаат на долги авионски летови;

-Лица кои се опоравуваат од операции со лежење во креветот;

-Пациенти кои патат од проширени вени;

-Луѓето кои веќе имаат дијагноза за забрзано згрутчување на крвта;

-Бремените жени (ризикот се зголемува во текот на бременоста и после пораѓајот);

-Дебели луѓе;

-Стари лица кои претежно седат.

Повеќе прочитајте во следниот текст:

6 симптоми дека имате тромб – ова може да ви го спаси животот!