Многу брзо се приготвува, само матите шлаг, без готвење и без печење! Многу вкусен и освежителен овошен колач.
Потребни состојки:
200 г бисквити
1 кесичка крем за торти од ванила
500 мл слатка павлака + 200 мл за шлаг за украсување
5 свежи праски
Постапка:
Во еден плах со средна величина наредете бисквити натопени кратко во млеко.
Изматете 500 мл слатка павлака во цврст шлаг и пред крајот додадете му ја содржината од кесичката за крем со вкус на ванила (јас користам од д-р Еткер крем за торти со слатка павлака – ванила).
Праските измијте ги, излупете ги и исечете ги ги ситно.
Преку бисквитите нанесете ја слатката павлака со кремот од ванила, врз неа распоредете ги праските, а преку праските изматената слатка павлака како шлаг.
Добро изладете фо колачот во фрижидер пред послужување, а потоа исечете го и уживајте во вкусот.