Home зимница Кисели полнети пиперки…Маж ми вели дека се подобри од ресторанските – Вакво...

Кисели полнети пиперки…Маж ми вели дека се подобри од ресторанските – Вакво нешто не сте пробале! Предобро!

Некои од рецептите за зимница толку ни се сраснати за срце, што не може да помине година без да ги направиме. Проверени рецепти и одлични!

Ова е еден рецепт од мајка ми за полнети пиперки кој ќе го споделам со вас и мислам дека нема да најдете сличен рецепт на овој.

Пиперките се полнети со лук и рен, комбинација – уф! Мене лично ми се доволни само овие пиперки и едно парче леб – ништо друго не ми треба!

Потребни состојки:

60-70 пиперки (бабури, рог или слични за полнење)
500  г лук
200 г сол
300 г рен (една тегличка од 340 г)
500 мл масло
1 китка целер
1 китка магдонос
100 мл есенција
НМД

Постапка:

Пиперките добро измијте ги и исчистете ги од семето. Во поголемо тенџере ставете околу 3-4 литри вода да зоврие со 3 лажици сол.

Ставајте по 10-тина пиперки во зовриената вода и кратко обарувајте ги, само колку еден клуч „да ги фати“. Вадете ги со решеткава лажица во длабок сад.

Лукот исчистете го и сомелете го во машина за мелење месо, додајте сечкан целер и магдонос, масло, рен, сол и на крај есенција. Пиперките полнете ги со филот, така што во секоја се става по една полна кафена лажичка од смесата.

Редете ги во подлабоко тенџере. Прекријте со чиста крпа или поклопете ги, па оставете ги вака да отстојат 2-3 дена, да отпуштат сок.

Приготвените пиперки наредете ги во поголеми тегли и прелијте ги со исцедениот сок, по желба можете да додадете црн пипер во зрно, само немојте да ги преполнувате теглите.

Затворете добро со капаци и чувајте ги на ладно (подрум, шпајз и слично).

Пиперките се одлични и како салата, но и како прилог со печено месо.