Во 2015 година овој рецепт на Александра за нејмеките ванилици – беше прогласен за најдобриот празничен рецепт од страна на Познатиот сајт за храна Food52.

Потребни состојки за 60 ванилици:

200 г шеќер во прав
1 мешунка ванила исечена на парчиња
300 г маст
250 г шеќер кристал
1 јајце
2 жолчки
1 лимон – сок
1 лажичка ситно рендана кора од лимон
250 г мелени ореви
600 г брашно
Џем од кајсии или шипки за спојување на ванилиците

Постапка:

Неколку дена пред да ги правите колачињата, помешајте го шеќерот во прав со исечената мешунка од ванила и затворете го во лимена кутија со капак. На тој начин ќе добиете ванилин шеќер.

Во еден сад изматете ја ја маста со кристалниот шеќер (обичен шеќер) додека да добиете крем. Изматете јајце, жолчки, лимонов сок и лимонова кора.

Додадете мелени ореви и брашно, па матете додека да добиете изедначено тесто. Покријте го и ставете го на ладење во фрижидер најмалку три часа или најдобро преку ноќ.

Загрејте ја рерната на 160 степени доколку има вентилатор, а доколку печете во обична рерна тогаш на 180 степени. Ставете го тестото на добро набрашнета површина и развлечете кора со дебелина од околу половина центиметар.

Обложете два плеха со хартија за печење и со помош на мала модла вадете ванилици и редете ги на одредено растојание. Печете ги околу 12 минути, така да останат бели. Оставете ги да изладат во тепсијата околу 5 минути. Потоа префрлете ги на решетка или рамна површина додека целосно да изладат.

Кога целосно ќе бидат изладени, секој колач намачкајте го со џем и поклопете го со друг колач. Секој добиен сендвич добро извалкајте го во ванилин шеќер.

Ванилиците редете ги во лимена кутија и почекајте 1-2 дена пред сервирање.