Пилешката сусам салата е една од оние проверени рецепти што секогаш успеваат.
Се подготвува исклучително брзо, може да стои во фрижидер неколку дена без да го промени вкусот и е подеднакво добра како салата, намаз или додаток во сендвичи.
Благодарение на високата содржина на протеини и кремастата текстура, оваа салата е одличен избор и за секојдневни оброци, но и за славски трпези, родендени и семејни прослави пишува НМД. Еве што ви е потребно:
Оваа пилешка салата е хит со години: кремаста, лесна и многу вкусна

🧾 ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ
• 300 г варено пилешко бело месо
• 150 г пилешка салама или пилешки гради (по избор)
• 5 супени лажици сусам
• 200 г кисела павлака
• 4 супени лажици јогурт
• ⅓ лажичка сол (или по вкус)
• НМД
Брза и кремаста пилешка сусам салата што се подготвува за само 5 минути. Идеална за слави, сендвичи и секојдневни оброци – проверен рецепт што секогаш успева.
👩🍳 ПОСТАПКА
1. Во суво тенџере или тава ставете го сусамот и пропржете го на умерена температура, со постојано промешување или протресување, додека да добие темнозлатеста боја и пријатна арома.
2. Тргнете го сусамот настрана и оставете целосно да се олади.
3. Вареното пилешко бело месо исечкајте го на ситни коцкички.
• Совет: Може да искористите и преостанато месо од печена кокошка или од супа.
4. Пилешката салама или гради крупно изрендајте ги и додајте ги кај месото.
5. Додајте ја киселата павлака и солта, па промешајте со лажица додека да се добие изедначена смеса.
6. Додајте го оладениот сусам и повторно внимателно промешајте.
7. На крај, сипете го јогуртот (околу 4 лажици или по потреба) за да ја разредите смесата до посакуваната густина.
8. Сервирајте во декоративен сад и одозгора наросете уште малку сусам.
🍞 КАКО ДА СЕ ПОСЛУЖИ
• како салата
• како намаз на леб или тост
• во сендвичи и тортиљи
• како ладен прилог со печено месо
• Постапката опишана преку фотографии и видео прилог можете да ја погледнете ОВДЕ:



































