Home салати Ресторанска салата со печурки и грав…Едноставна и многу вкусна, како прилог или...

Ресторанска салата со печурки и грав…Едноставна и многу вкусна, како прилог или самостоен оброк

Ресторанска салата со печурки и грав – едноставна, а неодолива

Совршена празнична салата со печурки, која се подготвува брзо, со состојки што секогаш ги имате дома.

Ова е една од оние салати што пријатно изненадуваат уште со првиот залак.

Иако изгледа едноставно, вкусот е богат и балансиран – токму затоа често завршува и на секојдневната трпеза и на празничната маса.

Идеална е за Нова година, слави, но и како брз ручек или вечера, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

🥗 Салата со печурки, јајца и црвен грав

Потребни состојки:
• 350 г печурки
• 2 лажици растително масло
• сол, по вкус
• 3 јајца
• 150 г кисели краставички
• 400 г црвен грав од конзерва (сварен)
• 1 чешне лук
• црн бибер, по вкус
• 2 лажици мајонез
• свеж копар, по желба
• НМД

Начин на подготовка:

1. Печурките исечкајте ги и пропржете ги на растително масло 3–4 минути.

2. Посолете и продолжете со пржење уште 2–3 минути, додека да испари течноста.

3. Тргнете ги од оган и оставете ги целосно да се изладат.
4. Јајцата сварете ги, излупете ги и исечкајте ги на коцки.

5. Во подлабок сад додајте ги јајцата, изладените печурки, ситно сечканите кисели краставички и исцедениот црвен грав.

6. Додајте ситно рендан или згмечен лук, зачинете со сол и бибер.

7. Ставете мајонез, додајте ситно сечкан копар и внимателно измешајте додека да се соединат состојките.

👉 Салатата е подготвена за сервирање. Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ:

🥗 Салата со печурки, грозје и кашкавал (втора варијанта)

Потребни состојки:
• 350 г печурки
• 2 лажици растително масло
• 60 мл соја сос
• 4 јајца
• 200 г грозје
• 100 г кашкавал
• 3 лажици мајонез

Начин на подготовка:
1. Печурките исечкајте ги и пропржете ги на масло 3–4 минути.
2. Сипете соја сос и пржете уште 2–3 минути, додека да добијат богат вкус.
3. Оставете ги печурките да се изладат.
4. Јајцата сварете ги и исечкајте ги на коцки.
5. Грозјето пресечете го на половини, а кашкавалот изрендајте го ситно.
6. Во сад додајте ги сите состојки, ставете мајонез и измешајте додека да добиете кремаста салата.

🍞 Крцкав запечен леб со зачини и кашкавал

Потребни состојки:
• 4 парчиња леб
• 60 мл маслиново масло
• сол, по вкус
• мелен црвен пипер
• сув босилек
• сув лук
• рендан кашкавал, по потреба

Начин на подготовка:
1. Парчињата леб пресечете ги на половина.
2. Во сад сипете маслиново масло и додајте сол, црвен пипер, босилек и сув лук.
3. Намачкајте го лебот со ароматизираното масло.
4. Одозгора посипете ситно рендан кашкавал.
5. Печете во загреана рерна на 200°C, 5–7 минути, додека да добие златна боја.

✨ Овие салати се одличен избор кога сакате нешто брзо, економично и впечатливо.
Пријатен апетит и уживајте во вкусот!