Посни шишарки со бадеми – најсладок празничен колач за Свети Никола
Овој старински посен десерт со бадеми освојува на прв залак. Посните шишарки се подготвуваат без печење, имаат богата структура и елегантен изглед, па се идеален избор за посна слава, особено за Свети Никола.
Комбинацијата од бадеми, посна бела чоколада и кремаст фил ги прави неодоливи дури и за најпребирливите љубители на слатки, пишува НМД. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки
За базата:
• 200 мл вода
• 200 г шеќер
• 140 г посен маргарин
• 270 г посен мелено кекс
• 360 г печени мелени бадеми
За филот:
• 120 г мелени бадеми
• 140 мл слатка растителна павлака
• 140 г посна бела чоколада
За декорација:
• 60 г посна бела чоколада
• малку мелени ореви
• НМД


Начин на подготовка
1. Подготовка на базата
Во тенџере сипете ја водата и додајте го шеќерот. Загревајте на тивок оган додека да се растопи шеќерот.
Потоа додајте го посниот маргарин и мешајте додека целосно се растопи. Тргнете од оган, па додајте ги мелениот кекс и печените мелени бадеми.
Добро измешајте додека да добиете компактна смеса. Ставете ја во фрижидер кратко да се стегне.
2. Подготовка на филот
Во мало тенџере загрејте ја растителната павлака (внимавајте да не зоврие).
Додајте ја посната бела чоколада и мешајте додека целосно да се растопи. Потоа додајте ги мелените бадеми и соединете во мазен, кремаст фил.
3. Формирање на шишарките
Цедалка за лимон превртете ја наопаку и внатрешноста обложете ја со проѕирна фолија.
Со лажица распоредете дел од базата, притискајќи по ѕидовите. Во средината оставете простор, додајте од филот, па затворете со уште малку база.
Внимателно извадете ја формата и повторете ја постапката додека да ја потрошите смесата.
4. Декорација
Растопете ја посната бела чоколада, па потопете ги оформените шишарки.
Додека чоколадата е сè уште мека, посипете со малку мелени ореви. Оставете ги во фрижидер додека целосно да се стегнат.
Овие посни шишарки со бадеми не се само вкусен десерт, туку и вистинска празнична декорација на трпезата.
Совршени се за посна слава, за гости или како елегантен домашен подарок за Свети Никола. Постапката погледнете ја на Инстаграм ОВДЕ:
https://www.instagram.com/reel/DSQGFoTCGsE/?igsh=MXF6ZnZlbWZ6dnFhZg==





































