Home посни колачи Само 3 состојки за посни и брзи колачиња без шеќер, за целото...

Само 3 состојки за посни и брзи колачиња без шеќер, за целото ваше семејство

Посни чоколадни стапчиња со урми и ореви – само три состојки

Овие брзи и здрави колачиња без шеќер и без печење се вистински спас кога сакате да изненадите со нешто слатко, а да останете во рамките на посната трпеза.

Нежна основа од урми и ореви, обложена со сусам и исполнета со темно чоколадо – задоволство кое се подготвува за помалку од половина час, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

Потребни состојки:

– 20 парчиња урми (исчистени од семки)
– 100 г ореви (плус дополнително по потреба)
– 150–200 г сусам (по потреба, за обложување)
– 120 г темно чоколадо за топење (минимум 70 % какао)
– НМД

По желба за декорација:
– путер од кикиритки или
– бело чоколадо

Постапка:

1. Во блендер ставете ги исчистените урми и 100 г ореви. Мелете додека да се добие хомогена, леплива смеса.

Доколку смесата е премногу мека (што зависи од влажноста на урмите), додајте уште малку ореви додека тестото стане доволно цврсто за обликување.

2. На работна површина рамномерно распоредете обилна количина сусам. Ставете го тестото врз сусамот и од сите страни обилно обложете го со сусам – така нема да се лепи на рацете и подлогата.

3. Обликувајте дебел валјак, па поделете го на два дела. Од секој дел формирајте потенок и подолг валјак (приближно со дебелина од 2,5–3 cm).

4. Валјаците поставете ги на рамна подлога преку хартија за печење. Со рачката од дрвена лажица или со тенко стапче притиснете по должината на средината на секој валјак за да создадете убаво вдлабнување.

5. Растопете го темното чоколадо на пареа или во микробранова печка. Со лажица или готварска кеса внимателно наполнете го вдлабнувањето по целата должина на двата валјаци.

6. По желба, додека чоколадото е уште течно, прошарајте со тенки линии путер од кикиритки или растопено бело чоколадо за поубав изглед.

7. Оставете ги стапчињата на ладно место (или во фрижидер) додека чоколадото целосно се стегне.

8. Исечете ги на парчиња со остар нож – секое парче ќе има убава форма и ќе личи на професионално слаткарско дело.

Уживајте во овие здрави, посни задоволства кои исчезнуваат за миг! Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ: