РУСКА САЛАТА – ОРИГИНАЛЕН РЕЦЕПТ ЗА КРАЛИЦАТА НА СИТЕ САЛАТИ 👑✨
Совршено кремаста, богата и свечено декорирана, руската салата со децении е незаменлив дел од празничната трпеза.
Овој рецепт го пренесува класичниот вкус кој сите го сакаме, но подготвен со уредна техника и професионално сервирање за вистински празничен впечаток, пишува НМД. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки:
• 400 g варен, ситно сечкан компир
• 3 варени, ситно сечкани моркови
• 4 варени, ситно сечкани јајца
• 300 g димени пилешки гради, ситно сечкани (или шунка по избор)
• 4 кисели краставички, ситно сечкани
• 260–270 g грашок од конзерва, добро исцеден
• 350–400 g мајонез
•. НМД
• ½ лажичка сол
• ½ лажичка мелен црн пипер
За декорација:
• свежо сечкан копар и магдонос
• зрна од калинка

Постапка за подготовка:
1. Во подлабок сад со лажица внимателно измешајте ги компирот, морковите, јајцата, димените пилешки гради (или шунка), киселите краставички и исцедениот грашок.
2. Додајте го мајонезот и со нежни движења измешајте за да се соедини смесата без да се згмечат состојките.
3. Зачинете со сол и црн пипер по вкус и уште еднаш накратко промешајте.
4. На десертна чинија поставете флексибилен кујнски обрач, а во неговата средина ставете поширока чаша или тегла за да создадете празен центар.
5. Распоредете ја салатата рамномерно околу чашата и нежно притиснете за да се пополнат сите празнини и да се добие убава, цврста форма.
6. Оставете ја салатата во фрижидер најмалку 2–3 часа за да се стегне и оформи.
7. Потоа внимателно извадете ја чашата, а потоа и обрачот.
8. На површината посипете ситно сечкан магдонос или копар, а врз нив нанесете зрна од калинка за елегантна и празнична декорација.
Подготвена на овој начин, руската салата изгледа спектакуларно на секоја свечена трпеза и го задржува автентичниот вкус кој сите го обожаваме. На здравје! 🎉 Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ:





































