Home шербетни колачи ХИТ БАКЛАВА со јаболка, ореви, урми и смокви…Спремна за 10 минути, омилена...

ХИТ БАКЛАВА со јаболка, ореви, урми и смокви…Спремна за 10 минути, омилена на секоја слава…

Баклава со јаболка, ореви, урми и смокви

Оваа баклава е вистински есенско-зимски десерт кој ги спојува свежината на јаболката, богатството на оревите и слатката длабочина на сувото овошје.

Наместо класичниот фил од ореви, овде доминираат јаболката пржени со урми и смокви, што дава сочен, карамелизиран вкус и прекрасна арома.

Резултатот е нешто помеѓу традиционална баклава и модерна ролат-пита – крцкава, сочна и неодолива, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

Потребни состојки

За филот:
500 г јаболка
3 супени лажици шеќер
сок од половина лимон
200 г мелени ореви
200 г ситно сечкани урми
200 г ситно сечкани суви смокви
50 г суво грозје

За баклавата:
400 г тенки кори за баклава
НМД
200 г путер или маргарин

За шербетот:
500 г шеќер
600 мл вода

Постапка

Прво подгответе го филот. Излупете ги јаболката и изрендајте ги на крупно ренде. Ставете ги во широка тава, додајте три супени лажици шеќер и пржете ги на средна температура две минути со повремено мешање.

Додајте сок од половина лимон, промешајте и веднаш додајте 200 г мелени ореви. Продолжете со мешање додека смесата совршено се соедини.

Потоа додајте 200 г ситно сечкани урми и 200 г ситно сечкани суви смокви. Пржете уште пет минути со постојано мешање за да се ослободи и карамелизира природниот шеќер од сувото овошје.

На крајот додајте 50 г суво грозје, промешајте уште половина минута и тргнете го од оган. Филот треба да биде густ и без вишок течност на дното од садот.

Загрејте ја рерната на 180 °C. Растопете 200 г путер и оставете го настрана.

На работна површина отворете ги тенките кори за баклава. Земете една кора, премачкајте ја со малку со растопен путер (или лесно попрскајте со четка), преклопете втора кора врз неа и повторно премачкајте со путер.

По должина од потесниот крај распоредете лента од подготвениот фил (околу три до четири супени лажици) и внимателно свиткајте тесна ролничка. Постапете вака со сите кори и филот. Ќе добиете вкупно седум ролнички.

Наредете ги ролничките во плех со димензии 25 × 40 cm претходно намастен со малку путер. Исечете ги на парчиња. Прелијте ги со преостанатиот растопен путер и ставете да се печат 40 минути или додека убаво се заруменат.

Извадете ја баклавата од рерна и оставете ја целосно да се излади.

За тоа време подгответе го шербетот. Во тенџере ставете 500 г шеќер и 600 мл вода. Штом зоврие, намалете на умерена температура и варете точно 15 минути.

Тргнете од оган и оставете да се одмори 10 минути. Топлиот (но не врел) шербет рамномерно прелијте го преку целосно изладената баклава.

Оставете ја на собна температура неколку часа (најдобро преку ноќ) за да го впие сирупот и да омекне.

Послужете ја ладна. Пријатно! Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ: