Баклава ролнички со јаболка
Овој лесен и вкусен десерт е совршен избор за посни денови, кога сакате да уживате во слатко задоволство без компликации.
Аромата на печени јаболка и цимет ќе ја исполни кујната, а подготовката е брза и едноставна, пишува НМД. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки:
За филот:
2 кг (кисели) јаболка
2 лажици шеќер
2 лажици гриз
2 лажички цимет
За ролатите:
500 г готови кори за баклава
100 мл вода
100 мл масло
НМД
путер (за премачкување на тепсијата)
За сирупот:
400 мл вода
400 г шеќер
сок од лимон по вкус


Постапка:
Прво, излупете ги и изрендајте ги јаболката. Додајте ги шеќерот, гризот и циметот, па добро измешајте сè за да се соедини филот. Поделете го филот на четири еднакви делови, за четири ролати.
Подгответе смеса за премачкување со мешање на водата и маслото.
Земете три кори за секој ролат. Ставете една кора, премачкајте ја со смесата од вода и масло, па ставете втора кора врз неа и повторно премачкајте. Конечно, ставете трета кора и премачкајте ја.
Распоредете еден дел од филот по должината на последната кора. Внимателно свиткајте ја кората во ролат и исечете го на парчиња по желба. Повторете ја постапката за преостанатите три ролати.
Намачкајте ја тепсијата со путер. Наредете ги ролатите и премачкајте ги одозгора со преостанатата смеса од вода и масло. Печете во загреана рерна на 180 степени Ц околу 30-40 минути, додека да добијат златна боја.
Додека се печат ролатите, подгответе го сирупот: ставете ја водата и шеќерот да провријат 10 минути, па додајте сок од лимон по вкус и оставете го да се излади.
Веднаш штом ролатите ќе се испечат, прелијте ги со ладниот сируп. Оставете ги да се натопат и да се изладат пред послужување. Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ:












